За нас


За ИМКА Битола

ИМКА Битола е непрофитна, невладина, нерелигиозна, инклузивна младинска асоцијација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина и активно да работи со нив во нашата средина. YMCA Македонија е дел од семејството на ИМКА распространето во 119 земји ширум светот кое вклучува повеќе од 58 милиони луѓе. ИМКА Битола е основана во мај 2002 година.

Главна цел на здружението е да развива активности и можности во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе.

ВИЗИЈА:
Ние веруваме дека на младите потребен им е простор за да ги истражат своите идеи.
Сакаме нашите млади луѓе да го развиваат својот вроден потенцијал така што ќе можат да се соочат со постојано променливите потреби во светот, во нивните заедници и да ја градат својата иднина.
Ние ќе работиме за да ги обезбедиме овие можности.
 
МИСИЈА: Ги оспособуваме младите целосно да го развијат својот  духовен, ментален и телесен потенцијал.
 
МОТО: Ги оспособуваме младите!
 
ВРЕДНОСТИ кои ги негуваме и поттикнуваме:
Грижа              - Да се грижеш за себе си, за другите и за заедницата.
Искреност      - Да се биде вистинит во она што го кажуваш и правиш.
Почит              - Да се постапува кон себе си, кон другите и кон заедницата со достоинство и прифаќање.
Одговорност - Да се биде веродостоен на своите ветувања и постапки.
Храброст        - Да се соочуваш со предизвиците и да водиш.
Креативност - Да пронаоѓаш нови решенија за предизвиците.
Ентузијазам   - Да ја пронајдеш својата инспирација за правење промени.
 
slika
Во ИМКА Битола добредојдени се сите луѓе, со акцент на младите.
 
Ние работиме на активности од јавен интерес: неформално образование, култура и уметност, здрави животни навики, граѓанско општество и детски права. Активностите ги реализираме во форма на: обуки, семинари, работилници, кампови, фестивали, меѓународни студиски посети и други активности. Работиме на локално, но и на меѓународно ниво. Погледнете ги нашите активности тука.
Тимот на персоналот на ИМКА Битола:
Виктор Илиев, Претседател на ИМКА Битола, Директор на ИМЛП и ГЛОУ камповите
Елена Ѓ. Костадиновиќ, Администрација, финансии и комуникации
Јовче Крстески, Проектен координатор (Европски Волонтерски Сервис)
Тоше Ивановски, Проектен координатор (Имплементација на Конвенцијата на Правата на Детето во РМ)
Марија Робе и Васил Кочевски, Агенти за промени
Дејвид Стросе, Волонтер на Мировен Корпус во ИМКА Битола
ИМКА Битола е благодарна што добива поддршка и од бројни долгорочни и краткорочни волонтери.

 

Моменти од историјата на ИМКА Битола

20022001 Запознавање со идејата за ИМКА, развивање односи со ИМКА Скопје и со ИМКА Европа. Учество на неколку обуки за потребни вештини за младинска работа „ИМКА СТАРТ“ во Габрово, Бугарија.

2002 Основање на ИМКА Битола на 31.05.2002. Почнавме со работа на помали иницијативи како на пример одење на екскурзии на планина, пинг понг рекреативни натпревари и сл. Оваа година беше основан Балканскот камп во Нимфео, Грција кој му овозможи на нашите учесници да се запознаат со учењето на отворено. Кампот функционираше 10 години.

2003 Се издаде првиот број на информаторот на ИМКА Битола кој подоцна беше наречен НотифаИ. На Пелистер организиравме заеднички камп за млади од Македонија и Данска. Група млади волонтери од Македонија учествуваa на големиот фестивал на ИМКА Европа во Прага.

2004 ИМКА Битола ја отвори првата канцеларија која се користеше како место за развивање на активности за млади. И-Филм започна со работа и почна преку видеа да ја документира историјата на ИМКА Битола. 2006Во Македонија успешно го организиравме првиот поголем интернационален настан, Балканска Лидерска Обука 3 во која учествуваа 80 млади од Македонија и странство.

2005 Жонглерската група Ацид Трипл стана дел од ИМКА Битола. Следуваа бројни настапи во Битола, но и низ Европа. Го организиравме Балканскиот Програмски Фестивал „Балкански мозаици“со ИМКА Европа со повеќе од 130 учесници од повеќе држави во Европа.

2006 И-Стрип започна со работа. Следуваа неколку изложби на стрип илустрации и беа изработени неколку стрип изданија на различни теми. Учествувавме на Собранието на ИМКА Свет во Дурбан, Јужна Африка.

2007 Се вклучивме во меѓународната Синерџи мрежа за обуки за личен развој. Програмата за тренинг на ИМКА Битола започна со работа и реализиравме многу работилници, обуки за личен развој, кампови и имавме многу активни волонтери. Во Македонија ја организиравме Балканската Лидерска Обука 4 со ИМКА Европа. Се вклучивме и дадовме активен придонес во Форумот на здруженија од Битола.

2007-22008 YMCA Македонија од организација соработник стана полноправна членка на ИМКА Европа. Работевме на првиот Синерџи тренинг за личен развој во Македонија. Постигнавме бројни успеси во склоп на програмата за Уметност и Култура со И-Стрип, И-Филм и Ацид Трипл реализирајќи бројни активности. Учествувавме на вториот голем фестивал на ИМКА Европа во Прага.

2009 Во Македонија ја организиравме Балканската Лидерска Обука 5 со ИМКА Европа. Зајакнување на лидерската структура на организацијата преку учество на повеќе обуки за личен развој во главно во Холандија.

2010 Започнавме со работа на програмата Европски Волонтерски Сервис, како и со волонтерите на Мировниот Корпус на Македонија. Се вклучивме во Коалицијата на Младински Организации СЕГА по што следуваа бројни активности во следните години со фокус на полето за детски права. Ја проширивме целната група и почнавме да работиме со млади на возраст од 11-17 години. Започнавме соработка со локалните училишта.

2011 ИМКА Битола стана национална канцеларија на YMCA Македонија. 2012Заедно со волонтерите на Мировниот Корпус, ИМКА Битола започна да работи на проектот ИМЛП (Летен камп за млади лидери). Учествувавме на големиот програмски фестивал на ИМКА Европа во Украина.

2012 Бевме дел од глобалниот настан „ИМКА Светски Предизвик“ заедно со 432.000 луѓе во 86 земји во светот. Се вклучивме во долгорочниот проект за мировна едукација „Корените за помирувањето“. Инициравме јадро за развој на програма на ИМКА Европа за кампови.

2013 Учествувавме на фестивалот „Прекрасни Денови“ во Данска со 1.500 други учесници од цел свет. На ИМКА Битола му беше доделена годишната награда за иновативни практики во работата со волонтери. Во Битола реализиравме две интернационални обуки во рамките на програмата за млади на ЕУ „Млади во Акција“. Се вклучивме во глобалната програма за млади лидери на ИМКА Свет „Агенти за промени“. Заедно со уште дваесеттина младински здруженија го основавме Сојузот за Младинска Работа со цел признавање на младинската работа и младинскиот работник како професија.

20132014 Се вклучивме во најголемото глобално истражување на ИМКА за младите луѓе „Еден милион гласови“. Реализиравме бројни активности во сите програмски активности - волонтерски сервис, обуки, кампови, уметност и култура, здрав животен стил и граѓанско општество.

2015 Следејќи ја успешната работа за проектот ИМЛП (Лидерски камп за момчиња), ИМКА Битола ја продлабочи соработката со волонтерите на Мировен Корпус и започнавме да работиме и на кампот ГЛОУ (лидерски камп за девојчиња). Програмата за кампови на ИМКА Битола влегува во фокус со дополнителното учество на неколку интернационални кампови, како и отпочнувајќи го долгорочниот работен камп (Македонија, Франција и Германија).

2016 Се вклучивме во глобалната неформална мрежа за образование на отворено „Образованието на отворено како алатка“. Се вклучивме во националниот комитет за борба против говорот на омраза. Учество на серија работилници и дискусии за препознавање на младинската работа во државата.

 

YMCA Македонија

Во Македонија првата локална ИМКА беше оформена во 1999 во Скопје. Денес во Македонија има две локални асоцијации во Скопје и Битола. YMCA Македонија е полноправна членка на ИМКА Европа од 2008.

YMCA Македонија ја потенцира интеракцијата меѓу нашите млади луѓе да работат заедно за свој личен развој на духот, умот и телото. Ние ги поттикнуваме во нивната разноликост и креативност нудејќи можности за подобра иднина на сите.

Ние ги гледаме младите како наша главна целна група, човечки ресурс и потенцијал за развој. Ние им нудиме можности за здрав развој на духот, умот и телото преку различни групни и лични активности, што вклучуваат: креативна работа, интелектуални предизвици и стекнување на нови вештини и добивање на нови знаења. Ние ги оспособуваме сите млади луѓе да ги зголемат своите одговорности и да преземат лидерство на сите нивоа. Исто така градиме свест за прифаќање на културните разлики.

Седиштето на организацијата е лоцирано во Битола нудејќи активности и можности за над 2.000 млади луѓе на годишно ниво.

 

Општо за ИМКА

ИМКА (YMCA) е едно од најстарите и најголемите младински движења во целиот свеred-triangleт. Основано е во 1844 година, моментално дејствува во 119 земји, на 11.220 локации, вклучува 725.823 волонтери и опфаќа 58 милиони луѓе во светот. Фокусот на работата на ИМКА е ставен во достигнување на општествена правда и мир за младите и нивните заедници, без оглед на нивната расна, верска, полова и културна припадност.

Светската Алијанса на ИМКА има седиште во Женева, Швајцарија, додека седиштето на ИМКА Европа се наоѓа во Прага, Чешка. Во другите земји, ИМКА може да се сретне под различни имиња во зависност од нивните национални јазици: YMCA, IMKA, CVJM, UCJG, KFUM, NMKY, CEVI, HANTH, ACM, ACJ итн. Во Македонија и другите земји во Југоисточна Европа, YMCA е позната како ИМКА. Официјалниот знак на ИМКА претставува црвен триаголник со мото: „За здрав дух, разум и тело”.

 

Поле на дејствување

Националните и локалните ИМКА организации се силно поврзани со своите заедници. Во зависност од локалните услови и проблемите кои ги засегаат младите на локално ниво, ИМКА организациите дејствуваат во широк спектар на програмски области, вклучувајќи: одржлив развој, образование и стручна обука, полова еднаквост, климатски промени, здравје и превенција од ХИВ/СИДА, дијалог меѓу религиите, безбедност на храната, развој на лидерство, миграција, граѓанско учество и образование за човекови права, дејствување при вонредни ситуации, градење на мир.

changemk

Преку овие активности, ИМКА организациите креираат долгорочни промени во животот на милиони млади луѓе и средините каде живеат. Во сите овие активности посебно внимание му се посветува на вклученоста на младите и градењето на млади лидери.

 

Моделот на ПРОМЕНА

На сите континенти во светот ИМКА работи на оспособување на младите луѓе и трансформирање на заедниците преку вграден модел за промена кој се состои од: ПРОСТОР-ПРОМЕНА-ВЛИЈАНИЕ. Овој модел е ДНК за сите наши активности и затоа да се биде дел од ИМКА е искуство кое го менува животот.

 

Историја на ИМКА

1844 Џорџ Вилијамс (23 год.) заедно со уште дванаесет врсници ја создава ИМКА во Лондон. Тоа беше реакција на младите луѓе на големите промени во општеството во периодот при крајот на Индустриската револуција како на пример: навалата од пороци од секаков вид, распуштеност, атеизам, коцкање, влошување на животните услови, губењето на вредностите и влошувањето на социјалните односи помеѓу луѓето, како и нудење на активности за исполнување на слободното време на младите луѓе на корисен начин.

1851 Идејата за ИМКА се популаризира. Велика Британија имаше преку 2.700 членови во 24 асоцијации, но исто така и во Белгија, Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Австралија и Канада. ИМКА е формирана во С.А.Д. која основа фитнес, гимнастички и други спортски центри.

1852 Првиот Генерален Секретар на ИМКА во Женева е Анри Динан. Тој е идниот основач на "Црвениот Крст". Во 1901г. тој ја добива Нобеловата награда за мир.

1855 Националните ИМКА движења се обединуваат преку формирање на Федерација на ИМКА (подоцна Светска Алијанса на ИМКА) на Првата Интернационална Конференција на ИМКА во Париз, Франција.

1859 За првпат во историјата во некои програми рамноправно со мажите учествуваат и жените.

1889 Црвениот триаголник стана официјален симбол на Организацијата. Тој ги изразува основните заложби на ИМКА: хармоничен развој на човекот на духовен, ментален и физички план.

1891 Џејмс Најсмит, инструктор во ИМКА Тренинг Колеџот во Спрингфилд, Масачусетс (С.А.Д.), ја создава кошарката која се прошири низ сите колеџи и кампови на ИМКА во С.А.Д., а потоа и низ целиот свет.

1894 (50год. од формирањето на ИМКА) Џорџ Вилијамс ја добива титулата “Сер” за животно дело од англиската кралица Викторија.

1895 Вилијам Г. Морган, инструктор по физичко воспитание во Масачусетс (С.А.Д.), ја создава одбојката како игра за рекреација во камповите на ИМКА која потоа се шири низ целиот свет.

1914 ИМКА е активно вклучена во Првата Светска Војна како волонтерска организација која се финансираше од јавни донации за разлика од другите кои беа финансирани од владини извори.

1900-1920 ИМКА се распространува на Балканот.ymca-in-world-war-2-1939-1945

1926 Според направените истражувања ИМКА брои преку 10 000 асоцијации и преку 1 700 000 членови низ целиот свет.

1939-1945 ИМКА е активно вклучена во Втората Светска Војна при што акцентот беше ставен на работата со бегалците и раселените лица. Исто така ИМКА зеде активно учество во снабдувањето на трупите со храна и лекови (отворање на мобилни кантини и болници) и сл.

1946 За својата работа насочена кон воените заробеници во текот на двете Светски Војни, тогашниот Претседател на ИМКА Др. Џон Мот ја добива Нобеловата Награда за Мир.

1948-1960 ИМКА игра главна улога при развивањето на младинските и социјалните програми ширум светот. ИМКА активно е инволвирана во работата со млади и заштитата на правата на децата, хендикепирани, стари и изнемоштени лица, бездомници, лицата со посебни потреби, поткрепа за родителите и фамилиите и сл.

1973 Формирана е ИМКА Европа.

1973 Шестата Светска Конференција на Светската Алијанса на ИМКА се одржа во Кампала (Уганда) на која се донесоа едни од основните принципи за ИМКА.

1980те ИМКА се фокусира на борба за правата на децата, детските кампови и сл. кои се приоритет и денес.

1982 За помагање на програми за бегалци ИМКА добива специјално признание од Организацијата на Обединетите Нации (О.О.Н.).

1990те По падот на социјализмот следи масовна обнова на ИМКА во Југо-Источна Европа. Во втората половина на деведесеттите новите ИМКА асоцијации од Југоисточна Европа стануваат мотор на ИМКА движењето во Европа привлекувајќи нови луѓе, идеи, пристапи и програми.

1998 На 14тото Генерално Собрание на Светската Алијанса на ИМКА во Фречен се усвои уште еден стратешки документ за ИМКА движењето "Предизвик 21" кој претставува и визија на организацијата за периодот кој доаѓа.

21ви век е време на засилена динамика на активности во насока на оспособување на младите од целиот свет. Одејќи по вистинскиот пат ИМКА понатаму продолжува да ја пишува историјата.

 

Знаеш ли доволно за ИМКА?
Провери го твоето познавање за ИМКА!