Волонтирај!


Вклучи се!

Членувањето и волонтирањето е најчестиот начин за заинтересираните да се вклучат во ИМКА. На членовите и волонтерите им нудиме учество во волонтерски сервис, посета на обуки, кампови, и други можности. Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење на CV, професионален и личен развој, патување, притоа помагајќи во средината каде живееме.

Сакаш да волонтираш?

Во зависност од вашиот интерес, мотивација, квалификациите и очекувања, како и од потребите на ИМКА во  даден момент, работиме заедно да пронајдеме поле во кое ќе се ангажирате  со цел постигнување на личен успех, како и успех во работата. Ги нудиме следниве можности за волонтирање:
  • На летните кампови GLOW & YMLP. Нудиме 4 волонтерски позиции за персонал (фасилитатори, инструктори, логистика и координатори). Повикот за волонтери излегува на крајот на секоја година.
  • На меѓународните Е+ обуки, размени и кампови. Имаме потреба од тим лидери.
  • Во младинските клубови GLOW & YMLP.
  • Во канцеларијата на ИМКА во Битола. Имаме потреба од административна, логистичка и мултимедиа поддршка.

Следете не кога имаме отворени повици или пак контактирајте не на contact@ymcabitola.org.mk.

Повеќе информации за програмските активности на кои работиме можете да прочитате во делот активности.

Инспиративните искуства и приказни на учесниците и волонтерите вклучени во активностите може да ги прочитате на нашиот блог!

За да се зачлените во ИМКА Битола пратете ни пополнета ПРИСТАПНИЦА за членство.

Доколку имате одредени прашања за волонтирање, посетете ја оваа веб страна.

volunteerman