Волонтирај!


Вклучи се!

Членувањето и волонтирањето е најчестиот начин за заинтересираните да се вклучат во ИМКА Битола. На членовите им нудиме учество во волонтирски сервис, посета на обуки, кампови, учество во други активности. Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење на CV, професионален и личен развој, патување, притоа помагајќи во средината каде живееме.
 
Во зависност од интересот, мотивацијата и квалификациите на волонтерите, како и од потребите на ИМКА Битола, работиме заедно да пронајдеме поле во кое волонтерот ќе се ангажира  со цел постигнување на негов личен успех, како и успех на организацијата. Времетраењето на волонтирањето зависи од активностите на ИМКА Битола во даден момент и достапноста на самиот волонтер (од една недела до неколку месеци). Повеќе информации за програмските активности на кои работиме можете да прочитате во делот активности.
 
За да се зачлените во ИМКА Битола пратете ни пополнета ПРИСТАПНИЦА за членство.
 
Инспиративните искуства и приказни на волонтерите од нашата организација може да ги прочитате на нашиот блог!

Доколку имате одредени прашања за волонтирање, посетете ја оваа веб страна.

volunteerman