Новости!


Целта на НотифаИ информаторот е промовирање на граѓански и младински активизам, младинско учество, волонтерство и други општествено корисни облици на дејствување преку споделување на искуства од активностите кои ги правиме. Тој е наменет за нашите членови, партнери, соработници, како и за сите други кои сакаат да се активираат во општествениот живот. НотифаИ излегува на секои три месеци, а го подготвува тим на волонтери на ИМКА Битола. Се дистрибуира електронски преку е-маил. Секој кој сака да ги добива изданијата на НотифаИ нека се запише тука или пак повремено да ја проверува нашата НотифаИ архива.

Целта на нашиот БЛОГ е да поттикне споделување на лични приказни и искуства од учесници  на разни настани кои ги организираме, како и да послужи како ресурс за потребите на НотифаИ. Исто така блогот цели да ја зголеми достапноста на информациите, да ги охрабри нашите млади луѓе да бидат поотворени кон нови идеи и да придонесува кон воспоставување на нови врски меѓу луѓето на локално, национално и интернационално ниво.

БИДЕЈЌИ ИМАМЕ ЗА ШТО ДА ПИШУВАМЕ!

notify_logo2

Newsletter