ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ДОКТОР/КА НА КАМПОТ YMLP, 14-21 ЈУЛИ 2019


When:
29/05/2019 – 14/06/2019 all-day
2019-05-29T00:00:00+02:00
2019-06-15T00:00:00+02:00
Where:
YMCA Bitola
Contact:
Viktor Iliev
047 610 669
ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ДОКТОР/КА НА КАМПОТ YMLP, 14-21 ЈУЛИ 2019 @ YMCA Bitola

 

 

 

 

 

 

Доколку по професија сте доктор/ка и сакате да работите и да помагате на млади, сте слободни во наведениот период за време на кампот и сакате природа и активности на отворено, тогаш веројатно сте тој/таа кој/а ни е потребен/потребна и ве поттикнуваме да го разгледате повикот и да аплицирате. Доколку пак знаете некој/а кој/а ги има овие афинитети, ве молиме споделете го повикот со него/неа.

 

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Обезбедување на здравствена заштита на камперите и персоналот на кампот
    • Дава дијагноза и третира помали медицински проблеми, но исто така да даде поддршка при третман на: настинка, треска, грип, труење со храна, гадење, осип, алергии, мали исекотини и гребаници, изместување (дисторзија) на колено и глуждови, истегнати мускули, како и стабилизирање на итни медицински случаи како потреси, големи исеченици и скршени коски додека повредената индивидуа не е пренесена во најблиската болница.
  • Комуникација со персонал, волонтери, кампери и крајни корисници
    • Дневна координација со персоналот на кампот
    • Комуникација со здравствени установи, доколку за тоа се јави потреба
    • Комуникација со родителите на камперите по потреба.
    • Одржување на дискреција и доверливост во работата
  • Вклучување во активности
    • Докторот може да се вклучува во дел од изборните активности и има интеракција со камперите
    • Од докторот може да се побара да води активност од неговата/нејзината струка (давање на прва помош и сл.)

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Дипломиран/а доктор/ка по општа медицина
  • Солидно познавање на англиски јазик (разбирање, говорење, читање)
  • Разбирање на софтвер (Windows, MS Office, Internet)
  • Искуство во работа на слични активности (се смета за предност)
  • Познавање на релевантна законска регулатива (се смета за предност)
  • Сигурност и доверливост.

НИЕ НУДИМЕ

  • Обезбедени услови за работа (докторска соба, амбуланта, лекови)
  • Обезбедено сместување за време на кампот
  • Обезбедени три дневни оброци и ужина за време на кампот
  • Нето надомест за услугата од 8.000 МКД
  • Флексибилност во работата
  • Вредно искуство, корисно при идни ангажмани во други организации
  • Преубава природа, чист воздух и добра дружба

ДРУГИ ДЕТАЛИ

  • Отворениот повик е за полно работно време за времетраење на кампот
  • Работната позиција е за работен ангажман за времетраење на кампот.

АПЛИЦИРАЈ

  • Испратете CV и мотивациско писмо до: contact@ymcabitola.org.mk со “YMLP доктор”, како наслов.

КРАЕН РОК за пријавување: 14 јуни.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *