Камп-фестивал Wonderful Days во Данска


When:
08/07/2019 – 13/07/2019 all-day
2019-07-08T00:00:00+02:00
2019-07-14T00:00:00+02:00
Where:
Blåkilde Efterskole, Denmark
Contact:
Jovche Krsteski

Wonderful Days е камп-фестивал организиран од страна на ИМКА/ИВКА Данска. Наменет е за дружење и забава на средношколците од Данска кои се дел од големото ИМКА/ИВКА семејство. Во таа дружба имаат обезбедено места и за интернационални гости од Европа и светот.

Кампот трае една недела и се состои од кампување во шатори на однапред подготвени локации за тоа, со бини за музички и други настани, места за разни натпревари и разни спортски и друштвени игри – сите предуслови за едно одлично камперско и фестивалско искуство! Како сето ова изгледаше во 2016г., може низ фотографии да видите тука, а има и видео презентација тука.

Разгледајте го нивниот официјален сајт (на англиски) тука.

Може и да ги следите на Фб тука.

Сите заинтересирани за учество на овој камп фестивал, како и за поставување разни прашања – пишете на следнава маил адреса: evs@ymcabitola.org.mk

За македонците се обезбедени 6 места за учесници и место за 1 лидер. Препорачливо е за лидерот да има некакво камп искуство на ГЛОУ или ИМЛП камповите. Сите одбрани ќе мора со себе да си носат вреќа за спиење! После пополнувањето на местата, сите останати апликанти ќе бидат ставени на листа на чекање во случај некој да откаже во меѓувреме. Затоа, редовно проверувајте си го мејлот!

Бидејќи настанот сеуште е во подготовка, сите останати детали, како и информациите околу патните трошоци и партиципацијата за настанот ќе се знаат дополнително. Затоа, следете не на фејсбук, твитер, инстаграм!

 

 

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *