Донирај!


Зошто да донирам во ИМКА Битола?

ИМКА Битола е долгогодишна и успешна организација. Основани во мај 2002 година, континуирано работиме на долгорочни и одржливи проекти, а не само на краткорочни изолирани иницијативи. Нашите долгорочни цели и насоки за акција се јасни и видливи; тие информираат за целата работа што ја правиме во нашите програми.

Ние сме транспарентни и нашата работа е отворена за јавноста. Информации за нашите активности се објавуваат на нашата веб страница, како и на социјалните медиуми. Работиме континуирано за да ја зголемиме нашата одговорност; со објавување на нашиот квартален информатор и редовен Годишен Извештај, ги информираме нашите засегнати страни за сите различни начини на кои ИМКА Битола позитивно влијание врз заедницата.

Ние директно опфаќаме над 2.500 луѓе преку нашите годишни активности. Вашата поддршка може да биде насочена кон поттикнување на тоа влијание во нашата локална заедница во Битола или на национално ниво, со што ќе се истакне влијанието што го правиме врз пошироката заедница во Македонија. Ние исто така ви нудиме можност да ја фокусирате вашата поддршка на која било од програмите што ги исполнуваме годишно.

Вашата поддршка нè мотивира да продолжиме со нашите активности кои ги оспособуваат младите луѓе!

 

Донирај како поединец

• Потврдете дека сте активен член на нашата поголема заедница со инвестирање во програма која го истакнува вашиот позитивен придонес кон нејзиното подобрување;
• Охрабрете ги другите да размислуваат позитивно, да се ангажираат во решавањето на проблемите во заедницата и да придонесуваат за развој на похумано, поправедно и поуспешно општество.

Донирањето на етаблирани непрофитни организации е вистински начин да се помогне на заедницата. Нашата работа ни овозможува да ги знаеме потребите на заедницата, да дејствуваме стратешки и да направиме поголемо влијание врз граѓаните.

Како можам да донирам како поединец?

• Постојат неколку начини за донирање: со финансиска трансакција на нашата сметка, преку он-лајн платформа за донација, кутија за донации или донација во материјални добра во нашите простории.
• За да организираме финансиска или донација во добра, испратете ни е-маил со ваш интерес на нашиот е-маил: contact@ymcabitola.org.mk.
Доколку сакате да направите донација во материјални добра, ИМКА Битола моментално прифаќа донации од: компјутери, канцелариски материјали, опрема за кампување, спортска опрема, добра кои можат да се користат како промотивен материјал и услуги за печатење.

 

Донирај и стани наш корпоративен партнер

• Иновирај и креирај нови општествени вредности и добра преку спроведување на политиките за општествена одговорност.
• Поврзете се со луѓе од вашата заедница на единствен начин. Донациите им даваат можност на компаниите да го поттикнат развојот на похумано општество кое ќе создаде еднакви можности за сите граѓани.
• Филантропските акции можат да генерираат значајни придобивки за вашата компанија. Филантропските активности на компаниите се највидливиот аспект на општествената одговорност на претпријатијата. Вашите акции ќе го зајакнат имиџот на вашата компанија како институција која се грижи и инвестира во благосостојбата на заедницата во која работи. Филантропските акции може да влијаат на продажбата како последица на поголемото препознавање на брендот, како и привлечноста на вашиот бренд од страна на потрошувачите водени од вредности. Дополнително, корпоративната филантропија ја подобрува мотивацијата и лојалноста на вработените. Тие чувствуваат гордост дека работат во компанија која инвестира во заедницата во која живеат.

Како можам да донирам како компанија?
• Постојат неколку начини да се донира: како спонзорство или како донација и тоа може да се направи со финансиска трансакција на нашата сметка или со донација во материјални добра за нашите тековни активности.
• Доколку сакате да направите корпоративна донација на ИМКА Битола контактирајте го Виктор Илиев на viktor@ymcabiltola.org.mk.
• Обезбедуваме различни нивоа на бенефиции за нашите корпоративни партнери и донатори, при што со задоволство би разговарале за бенефициите со вас понатаму преку состанок што може да се организира во термин кој вам ви одговара.
Доколку сакате да направите донација во материјални добра, ИМКА Битола моментално прифаќа донации од: компјутери, канцелариски материјали, опрема за кампување, спортска опрема, добра кои можат да се користат како промотивен материјал и услуги за печатење.

 

Донирај во GLOW & YMLP програма за развој на млади

Главна активност на ИМКА Битола е програмата за развој на млади GLOW & YMLP која се состои од двата национални лидерски кампови Девојките го водат светот (Girls Leading Our World - GLOW) и Младинскиот лидерски проект (Young Men’s Leadership Project - YMLP), како и камперските алумни клубови.

Мисијата на GLOW и YMLP програмата за младински развој е да го развие потенцијалот кој го поседуваат младите луѓе во Македонија преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните заедници. Ова се остварува преку искуствено образование кое промовира разновидност, гради академски и социјални вештини и ја промовира писменоста на англиски јазик.

Ова се реализира преку осумдневни, мултикултурни кампови кој промовираат лидерство, граѓанско учество и пријателство. GLOW и YMLP ги спроведува Младинската асоцијација ИМКА Битола во партнерство со Мировниот Корпус на Македонија и се реализирани од ИМКА Битола, Волонтери на Мировниот Корпус и GLOW & YMLP кампери алумни. Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост, личен развој и оспособување на девојките. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.

Влијанието на камповите се поттикнува преку лидерските GLOW и YMLP клубови, кои обезбедуваат можност за дејствување каде GLOW и YMLP алумни камперите можат да го споделат она што го научиле во кампот со нивната заедница преку месечните активности насочени кон лидерство и служење во нивните заедници.

Како можам да донирам на GLOW и YMLP програмата за развој на млади?
• Можете да донирате како поединец или како компанија, што е објаснето во погорните секции, што ќе ни овозможи секоја година да обезбедеме лидерски тренинг за 160+ млади.
• За прифаќање на донации од поединци, секоја година (во ноември) спроведуваме краудфундинг кампања.
• За прифаќање корпоративни донации и прославување на успехот на камповите, секоја година (во октомври) организираме прием за нашите корпоративни партнери.