Донирај!


Зошто да донирам во ИМКА Битола?

donationИМКА Битола не е ад хок организација. Постои од крајот на 2000 година, а е регистрирана во мај 2002 година. Работиме во континуитет и на долгорочна основа, а не само на еднократни или краткорочни проекти. Нашите цели и насоки на дејствување се јасни и видливи.

Отворени сме и јавни во својата работа. Информациите за нашите активности ги објавуваме на нашата веб страна, како и на социјалните мрежи. Работиме транспарентно: издаваме квартален информатор и редовен Годишен Извештај.

Преку нашите активности на годишно ниво имаме директен опфат од над 2.500 луѓе, а индиректно многу повеќе.

Вашата поддршка може да биде насочена кон правење промена на локално или на национално ниво во пошироката средина во која работиме. Исто така ви нудиме можност да ја насочите вашата поддршка за поттикнување на конкретна програма на која работиме.

Вашата поддршка е дополнителна мотивација да продолжиме со нашите активности во оспособување на младите.

Донирај како поединец
• Затоа што на тој начин потврдуваш дека си активен член на заедницата на која и припаѓаш и се грижиш за работите што се случуваат во неа;
• За да ги поттикнеш и другите да размислуваат позитивно, да се вклучат во решавањето на проблемите на заедницата и да дадат придонес за развој на похумано, поправедно и поуспешно општество.
Ние веруваме дека донирањето во непрофитни организации е вистинскиот начин, бидејќи тие ги познаваат потребите, делуваат стратешки и обмислуваат трајни решенија за граѓаните. Бидете поединец кој може да биде донатор.

Корпоративно донирање
• Преку инкорпорирање на политиките за општествена одговорност, претпријатијата често иновираат и креираат нови општествени вредности и добра.
• Преку донациите, претпријатијата се поврзуваат со луѓето од својата заедница на еден единствен начин. Донациите им даваат можност на претпријатијата да го поттикнат создавањето на похумано општество и праведен развој кој ќе креира еднакви можности за сите граѓани.
• Покрај користа за општеството, поддршката на заедницата носи корист и за самото претпријатие. Филантропските активности на претпријатието се вообичаено највидливиот дел од општествено одговорните практики на претпријатието. Поради тоа тие имаат влијание врз имиџот на претпријатието кое ќе биде препознаено во јавноста како претпријатие кое се грижи и вложува во благосостојбата на заедницата во која дејствува. Тоа посредно може да дејствува и на продажбата бидејќи брендот ќе биде подобро препознаен. Исто така, ќе влијае и на купувачите кои претпочитаат да купуваат производи за кои знаат дека дел од профитот ќе се врати назад во заедницата со што и тие самите индиректно го потпомагаат нејзиниот развој. Корпоративната филантропија ја подобрува и мотивираноста и лојалноста на вработените. Кај нив се раѓа чувство на гордост дека работат во претпријатие кое вложува во заедницата во која тие живеат. Исто така, преку волонтирањето на вработените за доброто на заедницата се развива нивниот тимски дух и се градат вештините за комуникација и соработка. Покрај ова, активностите во доменот на корпоративната филантропија го зголемуваат и капацитетот и можноста на претпријатието за реализирање на партнерства во пошироката заедница.

  • Како може да донирам во ИМКА?
     Што можам да донирам? Донациите можат да бидат во форма на парични средства, но и во материјали добра, интелектуални и друг вид услуги што можете да ги ставите на располагање на оние на кои им се неопходни.
  • Постојат повеќе начини да се донира: преку СМС или телефонски повик; во касички за донации; На трансакциска или жиро сметка; материјални добра на оние на коишто им се потребни; купување билети за хуманитарни настани; преку веб платформа за онлајн донирање.

Повеќе информации за општествена одговорност и поддршка при донирање најдете тука.

Име*

Презиме*

Адреса*

Град*

Пошт. број*

Држава*

Телефон*

E-Маил*

Сума*

Валута*

Дали сакате да останете анонимен и вашите податоци не бидат објавени?*

Која програма сакате да ја поддржите?*