Волонтирај ЕВС во Европа преку ИМКА Битола!


When:
02/01/2017 – 29/12/2017 all-day
2017-01-02T00:00:00+01:00
2017-12-30T00:00:00+01:00
Where:
YMCA Bitola
ул.Петар Петровиќ Његош 128/16
7000 Битола
Contact:
Павлина Велјановска
+389 47 610 669

ИМКА БиPrintтола ти нуди можност за волонтирање во Европа!

ЕВС (Европски Волонтерски Сервис) е програма од Еразмус+ програмата на Европска Унија, која им овозможува на млади помеѓу 17-30 години да волонтираат во странство од 2-12 месеци.

Европската Унија ги покрива сите трошоци со цел да промовира вредности како што се: активно граѓанство, толеранција, взаемно разбирање,  солидарност.

Оваа програма еднаш во животот нуди искуство каде волонтерите  имаат можност да запознаат други култури, да станат независни, да стекнат работни вештини, да се обучат за тимска работа, да патуваат и научат јазик како и да добијат Youthpass сертификат кој е признаен во странство и со тоа да ги зголемат шансите за вработување.

Доколку волонтерите волонтираат на долгорочен проект можат да одат само еднаш на ЕВС, со исклучок доколку нивниот прв сервис е до 2 месеци би можеле да аплицираат повторно за проект до 10 месеци.

ЕВС не е платена работа, јазичен курс, стажирање или  туризам и покрај тоа што содржи елементи од сè наведено.

Проектите за кои може да аплицирате имаат најразлични теми (над 50) и ваше е да одберете дали сакате да работите со деца или во театар или можеби со лица со хендикеп, социјална работа, ICT- нови тенологии, да предавате јазик, да научите како да водите организација, работа со кампови, и.т.н.

Начинот на барање на проекти е многу едноставен. Постојат дата бази низ кои може сами да барате проекти:

Отворените конкурси за ЕВС места ги објавуваме на Фејсјбук. Ако пак сакаш нив да ги добиваш на твојот е-маил запиши се на нашата ЕВС меилинг листа. Доколку немаш CV или мотивационо писмо, можеш да го користиш и следниот формулар.

Доколку имаш прашања слободно контактирај нè на evs@ymcabitola.org.mk.

Провери го твоето познавање за ЕВС?

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *