Движење против говор на омраза


When:
01/01/2017 – 31/12/2017 all-day
2017-01-01T00:00:00+01:00
2018-01-01T00:00:00+01:00
Where:
Битола
Македонија
Contact:
Марија Робе
+389 47 610 669

nhsm-logoИМКА Битола од 2016 година е дел од Националниот Комитет против говор на омраза, кој е дел од Движењето против говорот на омраза, кое всушност претставува младинска кампања на Советот на Европа и се бори за човековите права на интернет, намалувањето на степенот на прифаќање на говорот на омраза, развивање и поттикнување на онлајн учество од страна на младите, вклучувајќи ги во процесот на управување на интернет.

Говорот на омраза, согласно со дефиницијата на Комитетот на министри на Советот на Европа, ги покрива сите форми на изразување кои шират, поттикнуваат, промовираат и оправдуваат расистичка омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на омраза засновани на нетолеранција, дискриминација и непријателски однос кон малцинствата, мигрантите и лицата од имигрантско потекло. Со оглед на целите на кампањата и другите форми на дискриминација и предрасуди какви што се омразата кон Ромите, христијанофобијата, исламофобијата, мизогинијата, сексизмот и дискриминацијата по основ на сексуална ориентација и родов идентитет јасно потпаѓаат под опсегот на говорот на омраза.

Во рамките на активностите на тимот против говор на омраза од ИМКА Битола веќе се работи на обуки на млади од основните и средни општински училишта на теми кои зборуваат за техниките на препознавање, вештините за справување и намалување на говорот на ормаза, како и за механизмите за пријавување на истиот, но и за правилно и побезбедно користење на интернетот со цел да се намали злоупотребата на едно од основните човекови права – слободата на говор.

Целта на активностите е зголемување на бројот на активисти и организации кои учествуваат и организираат активности против говор на омраза, преку дискутирање на нашите досегашни достигнувања, на добрите практики, изготвување на препораки од досегашното искуство и идните чекори во борбата против говорот на омраза.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *