Отворен повик за долгорочен ЕВС проект во Хрватска


When:
02/10/2017 – 29/06/2018 all-day
2017-10-02T00:00:00+02:00
2018-06-30T00:00:00+02:00
Where:
ZUM Association
Pula
Croatia
Contact:
Jovce Krstevski
072 556 386
Отворен повик за PERPETUUM MOBILE – Долгорочен ЕВС проект во Хрватска!
.
PERPETUUM MOBILE е долгорочен ЕВС проект кој го организира ZUM асоцијацијата во Хрватска, Пула во партнерство со ИМКА од Битола. Активностите на оваа организација се насочени кон информирање на младите преку различни канали, промоција на едукативни можности и можности за мобилност на младите, неформално образование поврзано со медиумска писменост, меки вештини и вработување, мултимедија и издаваштво. ZUM асоцијацијата исто така има свој младински инфо-центар и организира настани за младите од локалната заедница.
.
Активности кои ќе ги реализира волонтерот:
Во младинскиот инфо-центар: ќе барате информации за локални настани, можности за мобилност, како и за можности за едукација, ќе пишувате статии за нивната веб страна, ќе работите на нивниот весник “3ska”, ќе работите на официјалната страна за можности на Европска Унија (European Youth Portal), ќе креирате мултимедијални информативни кампањи. Од ЕВС-рите не се бара посебно искуство, се очекува само пасија за пишување и мултимедија.
Едукативно-промотивни настани: ќе организирате промотивни настани во училишта, универзитети, општински центри, во локални паркови или на улица (герила маркетинг). Овие настани треба да се организираат барем еднаш месечно и треба да бидат креативни. Целта е да се мотивираат младите за активности надвор од училиштата, особено за ЕВС, младински размени и други можности кои ги нуди Европска Унија.
Личен настан: Ќе имате можност да организирате настан кој е непрофитабилен и кој ќе опфати минимум 30 луѓе, за да ја поддржите локалната заедница. Правењето свој проект е најинспиративниот дел за секој ЕВС-ер.
Профил на волонтерот:
– 20-30 години
– Интерес за младинска работа, општествена работа, мултимедија, медиуми и односи со јавноста.
– Желба за излегување надвор од својата “удобна зона”.
.
Други информации:
– Ќе бидете сместени во стан со ЕВС волонтери од ZUM асоцијацијата и/или со волонтери од други организации. Ќе имате своја соба и интернет.
– Месечно ќе добивате по 90€ за џепарлак и 150€ за храна.
Прочитајте го информативното писмо од ZUM асоцијацијата!
.
Како да аплицирате?
За повеќе информации како и за формата за аплицирање кликнете на следниот линк (линкот е на англиски јазик)! Оние волонтери кои ќе покажат најголема мотивација ќе имаат Skype интервју со одговорните од ZUM асоцијацијата.
Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *