Отворен повик за долгорочен ЕВС проект во Полска


When:
21/08/2017 – 06/07/2018 all-day
2017-08-21T00:00:00+02:00
2018-07-07T00:00:00+02:00
Where:
POLITES Associaton
Szczecin
Poland
Contact:
Jovche Krstevski
072 556 386

ЗА КАКОВ ПРОЕКТ СТАНУВА ЗБОР?

Нашиот долгогодишен ЕВС проект е концентриран на развивање на 8 клучни компетенции при вршење на разни волонтерски активности како работа со деца, поддршка на работата на Регионалниот волонтерски центар и локалните граѓански организации.

Целта на проектот е да ги стекнете и да ги зајакнете споменатите компетенции и да промовирате доброволна работа како интересен начин за трошење на слободното време. За овој период ќе ја презентирате вашата култура, земја, идеи и креативен пристап во организирање активности за деца, млади и за локалната заедница. Ќе имате шанса да учествувате на многу работилници кои ќе ви помогнат да ги развиете вештините за работа со деца, ќе ви ги покажат основите на менаџментот, социјалните медиуми, идејата да се биде волонтер. Овие работилници ќе ве подготват да работите во одбраната област, која може да биде детска градинка, основно училиште или канцеларија на НВО – во зависност од конкретниот проект.

Активност: детска градинка
Волонтерот го поддржува персоналот во грижата за децата предавајќи ги основните вештини, како што се: личната хигиена и социјалните вештини, основите на мајчиниот јазик, организира и води активности за унапредување на физичкиот, менталниот и социјалниот развој, како што се игри, уметност и занаети, музика и раскажување приказни.

Активност: основно училиште
Волонтерот организира часови за учениците за јазикот, културата и традициите на различни земји во ЕУ, ги поддржува учениците во изучувањето на странски јазици, спроведува разни активности за ЕУ, помага во водење на училишното радио, емитува музика и други активности.

НВО канцеларија
Волонтерот го поддржува Регионалниот волонтерски центар и неговите програми ,,Големиот брат”, ,,Големата сестра” и ,,Настава во вонредни состојби”, ја администрира нашата фејсбук страница и блог, подготвува постери, флаери, ја промовира идејата за ЕВС, пишува извештаи, организира курсеви по мајчин јазик, работилници, културни настани .

Како ќе изгледа вашиот работен ден?

Се зависи од тоа каде ќе волонтирате. Места како градинка или училиште се многу понефлексибилни од нашата канцеларија. Сите волонтери работат максимум 30 часа неделно и ние се обидуваме да го организираме работното време од 9.00 до 15.00 часот на сите места. Понекогаш може да се случи работното време да биде различно, но за тоа ќе бидете навремено информирани. Вообичаениот работен ден на волонтерот е полн со многу различни активности (главно во детската градинка). Ќе им помогнете на децата или младите во нивните секојдневни активности, можете да ги организирате своите активности со нив, да направите некои спортски активности, да градите со лего коцки или да им помогнете во домашните задачи. Во канцеларијата ќе имате шанса да ги посетите нашите партнери, да организирате настан или да обезбедите некои информации за нашите следбеници. Работниот ден за време на ЕВС е динамичен.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Пополнете ја формата за аплицирање што можете да ја најдете ТУКА.

За следните чекори ќе бидете информирани. Со среќа!

 

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *