Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија


When:
01/01/2017 – 01/06/2017 all-day
2017-01-01T00:00:00+01:00
2017-06-02T00:00:00+02:00
Where:
YMCA Bitola
ул.Панда Чеснова 21
7000 Битола
Contact:
Виктор Илиев
+389 47 610 669
Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија @ YMCA Bitola

И во текот на целата 2017 година ја продолжуваме соработката со Коалицијата на младински организации СЕГА за проектот кој опфаќа активности во насока на поддршка на децата и младите во полето на нивно учество во донесувањето одлуки на локално и национално ниво. Со овој проект се делува кон заштита на детските права во основните и средните училишта преку воспоставување на дете правобранител, преку подобрување на функционирањето на училишните организации, како и процесите на избори на претседатели во училиштата. Во изминатите пет години работевме и на мониторинг и евалуација притоа продуцирајќи годишни извештаи за имплементацијата на Конвенцијата за Правата на Детето во Македонија со фокус на членовите 12 до 16. Проектот се спроведува во 14 градови во Македонија.

Имплементацијата на „Конвенцијата на права на детето во РМ“, продолжи и во второто училишно полугодие во 2017 година. Двете училишта СОУ „Јосип Б.Тито“ – Битола, и ОУ „Елпида Караманди“, ја спроведуваа програмската агенда предвидена со Акциониот план за 2016/2017 година.

Активностите предвидени со акциониот план заеднички за двете училишта беа насочени пред сè кон осамостојување на Ученичката организација на ОУ „Елпида Караманди“- Битола и Младинскиот актив на СОУ „Јосип. Б. Тито“ – Битола и нивно самостојно делување како потврда за нивната проактивност и способност сами да делуваат. Секако дека важна улога во имплементацијата на Конвенцијата одиграа и Децата правобранители и нивните заменици кои спроведоа дел од активностите предвидени за нив.

Општ заклучок е дека кај децата и младите постои свесност за правата и постоењето на Конвенцијата на правата на детето, но важно е тоа сознание да стане практика и стандард, резултат кон кој се стремиме сите инволвирани во проектот.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *