Отворен повик за долгорочен ЕВС проект во ИМКА Данска – Колдинг


When:
01/08/2018 – 31/01/2019 all-day
2018-08-01T00:00:00+02:00
2019-02-01T00:00:00+01:00
Where:
KFUM og KFUK i Kolding
Dalbygade 3
6000 Kolding
Denmark
Contact:
Jovce Krstevski
072 556 386
Едно место за волонтер преку Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) во Колдинг, Данска!
.
ЕВС волонтерот се очекува да биде активен и посветен, да придонесува за развој на нови активности за децата и младите од организацијата, заедно со другите дански волонтери. Ќе добие можност да има активна улога во локалните настани, а исто така ќе добие и можност да учествува во националните ИМКА и ИВКА настани за деца и тинејџери. На некои од овие настани учествуваат до околу 1500 луѓе!
Волонтерот ќе биде дел од ТенСинг групите, групите наречени „Млади Возрасни“, тинејџерските клубови, групата „Уличен микс“ и ќе учествува во крос-културните активности на организацијата.
Организацијата на ИМКА и ИВКА на Данска смета дека е добро сите апликанти да се запознаени со нивните активности, за кои можете да прочитате повеќе тука, како и со активностите на ИМКА Битола.
Нивната фејсбук страна може да ја разгледате тука.

Краен рок за пријавување е 5 јануари 2018 година.

 

Повеќе детали за работните задачи на волонтерот има (на англиски) тука.

Апликацијата која треба да ја спуштите, да ја пополните на англиски и да ја испратите на ИМКА Битола, се наоѓа тука.
За сите дополнителни прашања, пишете ни!
Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

One thought on “Отворен повик за долгорочен ЕВС проект во ИМКА Данска – Колдинг