Национална кампања за младинско информирање „Информирај Се СЕГА!“


По повод Националната кампања за младинско информирање – „Информирај Се СЕГА“од страна на двете младински организации ИМКА Битола и Сфера Македонија беа посетени четири средни училишта во Битола ( СОТУ „Ѓорги Наумов” , 19.02.2016, СОУ „Јосип Броз Тито”, 23.02.2016, СОЕУ „Јане Сандански”, 24.02.2016 и СОУ „Таки Даскало” , 01.03.2016) и беа опфатени 67 ученици.

Целта на овие состаноци беше да дознаеме кои информации им се потребни на младите, односно нашата цел беше да собереме информации за потребите на младите за информирање со цел да се подобри достапноста на информациите во нашата заедница.

За таа цел покрај дискусиите беше спроведена и анкета.

Од спроведената анкета може да се заклучи дека учениците не сметаат дека имаат соодветен пристап до информации, со некои исклучоци (доколку си акредитиран новинар или..). А исто така споменаа и дека не ги користат доволно изворите кои им се достапни за информирање. Најчесто се информираат човек-на-човек релација, книги, флаери, презентации, состаноци, потоа социјални мрежи, весник, телевизија, радио и тврдат дека информациите кои се достапни на медиумите и општествено не се доволно објективни. Исто така, учениците нагласија дека на интернет можат да најдат информации за познатите личности од другите држава, додека за Македонија никаде нема информации.

Во две од четирите училишта го наведија фактот дека за да се зголеми информираноста треба да се зголеми заинтересираноста, потоа треба да се зголеми објективноста и јасноста на информациите кои постојат и да има одговорност на поголемо ниво како принцип. Додека пак, во едно од училиштата сметаа дека треба да се смени информирањето од корен, а под тоа подразбираат политиката да не се меша во сè.

Учесницте се изјаснија дека повеќе информации им требаат на теми како образование, спорт, младинско организирање, права, одговорности, јога, медитација, волонтирање, трговија со луѓе, планинарење, животна средина, човекови права, вработување и претприемништво, книги.

За остварување на нивни проект- идеи и подобрување на средината немаат информации, немаат идеи и не знаат кому да се обратат. Никогаш не слушнале за повик од Општина за проект.
Зачудувачки беше тоа што во само едно од училиштата каде се спроведуваше овој состанок имаа доволно информации за стипендии преку педагог, огласна табла, презентации или интернет, додека во останатите училишта никој не ги информирал за повиците за стипендиите од МОН.

Учениците изјавија дека за волонтирање се информираат на социјалните мрежи, интернет, потоа прашуваат во службата или во здруженија на граѓани, на настани или ги прашуваат некои од своите соученици или врсници кои веќе волонтираат. Но речиси никој досега немал волонтирано.
На прашањето дали има гласник/весник за млади на локално ниво тие рекоа не во сите училишта. Исто така сметаат дека веб страната на локалната самоуправа не е ажурирана, дека добиваат само некои информации преку радио МОФ.

На крајот на состанокот имавме дискусија за теми како: сексуално здравје, информации за абортус, заштита од СИДА и СПИ, дрога, алкохол, при што за овие теми кажаа дека зборуваат најчесто со пријатели бидејќи сметаат дека тие ќе ги разберат повеќе. Но исто така имаше и ученици кои разговараат со родителите за секакви теми.
Како за крај во едно од училиштата ни сугерираа да доаѓаме почесто за вакви состаноци кај нив.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *