Политика на уредување на блогот


Иако ние ја почитуваме слободата на говор и изразување, оваа публикација, која го носи името на ИМКА Битола, ИМКА Македонија и нивните соодветни логоа, мора да се придржува до одредени упатства за уредување. Овие упатства бараат целата содржина на блогот да е со добар вкус. Содржината не треба да вклучува вулгарности, навреди или клевети, говор на омраза или било каков друг вознемирувачки материјал. Статиите што содржат таков материјал нема да се објавени додека не се прилагодени и прегледани од уредничкиот тим.

Со оглед на тоа што целта на блогот е подигање на писменоста на младите, поттикнување на изразувањето и подигање на квалитетот на доставените статии, нашиот тим го задржува правото да ги уредува статиите во содржината и должината, да дава предлози и да прилагодува одредени текстови по претходна консултација со авторите.

Ставовите на авторите се нивни лични ставови. Авторите не секогаш зборуваат во името на ИМКА Битола. Погледите на авторите не се секогаш во согласност со ставовите кои ги промовира ИМКА Битола.

Коментарите ќе бидат разгледувани од нашиот тим. Било кој коментар што содржи говор на омраза или друг тип на вознемирувачки материјал ќе биде отстранет.

Им благодариме на сите кои даваат активен и несебичен придонес за нашиот блог, на оние кои ни пишуваат текстови, како и на тие кои ни даваат идеи, предлози и корисни забелешки.

Секој кој учествувал во некоја од нашите активностите е добредојден да достави блог пост за објавување. Доколку сте заинтересирани за пишување на блог пост, ве молиме контактирајте некој член од уредничкиот тим.

БИДЕЈЌИ ИМАМЕ ЗА ШТО ДА ПИШУВАМЕ!

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn