ИСКУСТВОТО КАКО ВОЛОНТЕР НА МИРОВНИОТ КОРПУС ВО ИМКА БИТОЛА


Моето двегодишно патување како волонтер од Мировен Корпус во ИМКА Битола беше исполнето со пријателства, забава, фрустрации и надеж за иднината и за цело тоа прекрасно искуство сум многу благодарна.
Во светот на Мировниот Корпус денот кога се доделуваат волонтерските местата е навистина возбудлив. На мојот плик пишуваше „Синди Соренсен, ИМКА Битола, Македонија“. Ураа, одев за Битола, градот на конзулите во близина на староримскиот пат „Виа Игнација“ во Македонија. Не можев да добијам подобро место за волонтирање, но сепак не знаев што да очекувам од ИМКА Битола.

Знаев доста за ИМКА како организација. Во Америка, јас вежбав во мојата ИМКА, гласав во мојата ИМКА, одев на јога, учествував во водени спортови, моите деца научија да пливаат и посетуваа летни кампови во мојата ИМКА. Не само тоа во мојата ИМКА постои јака и енергична организација и волонтерска база. Но во ИМКА Битола која што е поврзана со ИМКА Европа работите се поразлични. Нема сала за вежбање, нема училници и нема базен. ИМКА Битола  е организација оформена од обични луѓе чија цел е да ја зајакнат младината. Со малечка канцеларија и мошне вредни членови, како и страсен и почитуван раководител, препознатливите програми на ИМКА Битола бројат лидерски кампови за млади, образование за човекови права, меѓународни патувања и волонтеризам преку ЕВС програмата како и многубројни можности за тренинзи.

Како „повозрасен“ волонтер на Мировниот Корпус мене ми беше навистина голем предизвик да го научам македонскиот јазик и мислам дека понекогаш тоа ми ги смалуваше шансите да бидам ефективна (браво за сите оние кои можат да зборуваат  повеќе јазици). За среќа сите во канцеларијата на ИМКА зборуваат течно англиски. Понекогаш  мислам дека тие го вежбаа својот англиски со мене, почесто отколку јас да го вежбам мојот македонски со нив! Но сите научивме како да се прилагодиме и покрај јазичната бариера и како да воведиме и развиваме проекти.
Највпечатливите моменти за мене во ИМКА Битола започнаа со мојот супервизор Виктор Илиев и мојот соработник Елена Богдановска. Двајцата беа трпеливи имаа разбирање и истовремено беа љубопитни за мене и мојата земја.  Исто така можноста да интервјуирам 12 други невладини организации од Битола ми помогна да го разберам подобро граѓанскиот сектор. Научив за другите граѓански организации, нивната структура, проблеми и нивната страсни раководители кои се трудат да направат промена за подобро. Со  уредувања на многу текстови јас успеав да ѕирнам во психологијата на младите – нивните успеси, борба, фрустрации, надежи и соништа.

Водењето на работилници за комуникација и техники за едукација ги зајакнаа културните сличности и разлики како за мене така и за учесниците на работилниците. Како дел од ИМКА, патував до Омен, Холандија на работилници за личен развој и потоа до Амерсофт, Холандија на камп за лидери. Тоа беше забавно, поучно и убаво.
Работејќи и учествувајќи на три младински лидерски кампови беше моќно и инспиративно искуство. Бев трогната од интелигенцијата на камперите, нивната енергија, надеж за иднината, но многупати бев и исфрустрирана и изморена (седум дена со седумдесетина, осумдесетина средношколци ме премори!). Несомнено, промената во Македонија ќе дојде од и преку денешната младина.

За на крај имав можност да воведам спонзорство од приватниот сектор како начин за спонзорирање на два младински лидерски кампови: ИМЛП (камп за момчиња) и ГЛОУ (камп за девојки). Заедно со волонтерите на Мировниот Корпус и Амбасадата на САД во Македонија, ИМКА успеа да ги запознае учесниците на кампот со локалните бизнис лидери, па така бизнисмените може да слушнат за влијанието кое овие кампови го имаат врз учесниците. Преку овие врати кои сега ни се отворени, можеме да го испитаме потенцијалот на партнерствата помеѓу бизнис заедницата и ИМКА со помош на програмите за младите во Македонија.

Навистина сум  охрабрена и инспирирана од Македонците кои сега се мое семејство и пријатели. Со нив живеам, работам, појадувам, учам, одам на шопинг, патувам и играм. Навистина сум среќна и засекогаш ќе имам прекрасни сеќавања. Навистина сум огромно благодарна.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *