СEKOJ ИМА МОЌ ДА БИДЕ СЕ ШТО ЌЕ ПОСАКА


Учествувајќи во работилница за пракса на тренери во Холоко, Унгарија заедно со 16 млади луѓе од различни земји предизвика пресвртница во мојот живот и ме направи свесна за она што ме спречуваше да го постигнам својот потенцијал. Заедно тргнавме кон заедничко патување внатре во нашите мисли, чувства, расположенија, давајќи си безрезервна поддршка еден на друг со цел да станеме подобри личности. Во  мало, но преубаво етно село Холоко, оддалечено 100 километри од Будимпешта ја доживеав најголемата промена на мојата личност. Моментот кога директорот ме праша: „Светлана сакаш ли да учествуваш на Обука за тренери?“ ни за миг не помислив дека ќе има толкаво влијание врз мене, дека ќе му бидам благодарна за неговата покана.

Локацијата на обуката, обучувачите, учесниците, активностите, комуникацијата меѓу нас, а пред се огромната наша желба, на млади луѓе  од различни земји да научиме нови нешта и да доживееме нови искуства, создаде конекција меѓу нас што не е едноставно да се опише со зборови. Научивме теорија за вештините на тренирање, важноста на невербалната, вербалната и вокалната комуникација и како да ги користиме во секојдневниот живот, но пред се учевме еден од друг низ активностите што ги спроведувавме како група и секој индивидуално. Стекнавме многу вештини, влијаевме еден врз друг, и истовремено меѓусебно се осознававме.

Програмата беше смислена беспрекорно од обучувачите. Обучувачите посветија внимание на секој најмал детаљ, но истовремено беа и флексибилни со цел да се приспособат на нашиот процес на учење. Секој обучувач имаше различен пристап и начин на работа со нас. Но, кога ќе погледнам како целина тие беа фантастични, токму затоа што беа различни. Нивната синергија беше неверојатна и имаше позитивно влијание врз нас. Ние дојдовме од различни земји. Живеевме во различни средини, но работевме и дејствуваме посветено и страсно заеднички да се соочиме со нашите дилеми и стравови. Се фокусираме на убави и позитивни нешта кои ќе не придвижат кон остварување на нашите соништа. Слично како лего коцките преку програмата на обуката, и обучувачите и учесниците се интегриравме и функциониравме како единство.

Акцентот на обуката беше ставен на одговорот од прашањето: како да направиш чекор од состојба да бидеш свесен и да знаеш што сакаш, до чекор кога ќе бидеш одлучен и смел да работиш на негова реализација? За мене од голема важност беше што научив за неврологичките нивоа, тоа е модел што се користи за да се утврди што придонесува за една личност да доживува тешкотии како резултат на животната средина, однесувањето, вештините, мотивацијата, верувањата, идентитетот и визијата.

10

Дојдов до заклучок дека најголемата препрека која не ми дозволуваше да се фокусирам на остварување на мојата визија за својот живот е животната средина или луѓето од моето секојдневие од кои очекував да добијам зборови на поддршка и охрабрување. Ова очекување ме наведе да усвојам погрешна филозофија и да преземам нессодветни акции кои имаа за цел да ме насочат кон стекнување на соодветни вештини кои ќе ме придвижат поблиску до мојот сон. Потоа немајќи ги потребните вештини за да дојдам до точка на остварување на мојот сон немав мотивација да сменам нешто бидејќи не се вклопуваше тоа со моите верувања. Погрешните верувања придонесуваа јас да одберам погрешен идентитет за себе, а визијата подразбира дека јас не можев да препознаам како животната средина, однесувањето, вештините, мотивацијата, верувањата и идентитетот придонесуваат заедно за остварување на визијата на мојот живот.

Сега станувајќи свесна за моите препреки јас знам дека сум на вистинскиот пат да ги остварам своите соништа. Ќе прашате како? Едноставно е и ќе ви објаснам. Бидејќи најголемата тешкотија за мене беше мојата животна средина – јас ја сменив мојата средина, го прифатив предизвикот да одам во Холандија, земја која е сосема различна од мојата земја, да бидам ЕВС волонтер. Од оваа нова средина јас усвојувам друга животна филозофија, учам и станувам свесна за вештините кои ќе ме донесат до остварување на мојот сон, се мотивирам себеси со тоа што ги сменив моите верувања. Промената на моите верувања ме носат до точка да го сменам својот идентитет и да го одберам вистинскиот пат и да ја имам визијата што сакам јас да постигнам во мојот живот.

За време на оваа еднонеделна обука јас добив огромна поддршка од луѓе кои претходно не ги познавав. Не знаев кои се нивните верувања, кои се нивните цели, но тие веруваа во мојот потенцијал, ме инспирираа со нивните разговори, ме наведоа да ги гледам нештата од друга перспектива, да барам нови начини и решенија во потрагата на мојата среќа. Сите тие заедно оставија трага во мене, сите нивни сугестии и совети и сета нивна енергија ја понесов со себе. Ја добив сета поддршка, но и повеќе од онаа што ја барав и очекував од средината во која израснав. Сега сум храбра да се изборам мојот потенцијал и да го искористам во професија во која што ќе бидам среќна.

11

Сакам да им се заблагодарам на организациите: Solidarites Jeunesses, Syncro, Egyesek Youth Association, Olde Vechte Foundation, Izdievu Ideju, Synergy Romania, Norbert Hochstein од Хрватска, Унгарија, Холандија, Латвиа, Романија што ме вклучија како учесник на оваа обука. Сакам да се заблагодарам на обучувачите, учесниците. Секој од нив остави трага на мене и сакам да ги поддржам да продолжат да работат на овие обуки, кои ни помогнаа нас учесниците во правење на позитивни промени во нашите животи.

Исто така сакам и вас да ве поттикнам да размислите да учествувате на ваква обука. Инвестирајте во себе и работете посветено да станете подобри личности, да го оставрите својот сон, ЗАТОА ШТО МОЖЕТЕ. СИТЕ НИЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ СЕ ШТО ЌЕ ПОСАКАМЕ ЗА СЕБЕСИ. Единствено што треба да направите е да верувате во себе, да пронајдете луѓе кои веруваат во вас и да работите посветено на чекорите и стратегијата во остварување на вашата цел. Чуда се случуваат и тоа го кажувам затоа што јас тоа го доживеав!

Фото галерија од настанот.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *