ПРЕДИЗВИКОТ НАРЕЧЕН АЦИД ТРИПЛ


Се работи за група на млади ентузијасти кои не се плашат од огнот. Да, тоа сме ние – Ацид Трипл групата. Ние правиме незаборавни перформанси со оган. Но, за да биде предизвикот уште поголем секогаш воведуваме новини во нашите настапи и храбро пркосиме пред пламенот. Покрај вообичаените настапи и жонглирање со оган, свила и други светлечки елементи, овој пат пред нашите битолчани го предизвикавме огнот со неверојатни огнени мечови.

14929545203_1a64d5f910_z

Како и секоја година, така и оваа во Битола имавме еден од најинтересните настапи како заокружување на цела успешната сезона од настапи. За овој настап се спремавме скоро цело лето со нашите нови реквизити – огнените мечови. Настапот се одржа на Плоштадот “Магнолија” и беше вистински предизвик за нас жонглерите затоа што сакавме да приредиме едно навистина добро Огнено шоу во нашиот град. Аплаузот и воодушевувањето на многубројната публика покажа дека сме успеале во тоа.

15363072539_b589bc92c7_z

Да се биде дел од „Огнената екипа” e пред се задоволство, меѓутоа истовремено тоа носи и голема одговорост, затоа што сите членови вложуваме максимален труд и сакаме секој настап да биде според планот и според тоа што го работиме на напорните тренинзи. Од Ацид Трипл наскоро може да очекувате нови реквизити и кореографија кое ќе го збогатат нашето Огнено шоу. Не заборавајте да го гледате нашето видео! Се гледаме наскоро!

 

Фото галерија од настанот.

 

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *