НЕОЧЕКУВАНИ КОНТАКТИ, НЕОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ


Единаесет различни држави, четириесет и пет млади луѓе на возраст од 18-30 години, единаесет волонтерски лидери и два фасилитатори создадоа неверојатни дванаесет дена во Олде Вехте во Омен, Холандија. Обуката Европа Експрес беше интернационална младинска размена фокусирана на вработливоста и волонтирањето, како и поврзаноста меѓу нив. Фондацијата Олде Вехте работи како центар за обука за спонтано учење. Фондацијата е специјализирана за метод на учење „учење преку правење“. Како таков, тој е ефективен и достапен процес на учење кој ја става индивидуата во центарот на процесот на учење.

Со единаесет мултикултурални интернационални тимови, имавме шанса да откриеме како да ги употребиме нашите искуства и да ги претвориме во маркетинг вештини и способности на пазарот на трудот. Сите откривме некои наши лични предности, вештини и способности и научивме повеќе за интернационалните волонтерски можности. Сите искуствени активности во кои учествувавме создадоа авантуристичка средина за учење, каде „игравме“ додека учевме. Ова, се разбира, предизвика емоции и чувства кои многу од нас не ги очекуваа и создаде подлабоко учење за некои. За тоа и служи „учењето преку правење“.

Важен дел од програмата беше искуството кое го стекнавме надвор каде што учењето го ставивме во пракса. Бевме ставени во реални ситуации кои ги зајакнаа нашите новонаучени вештини. Некои учесници избраа да не учествуваат во активностите кои ги споредувавме на отворено и тоа беше нивен личен избор, но длабочината на учење и самодоверба беше пропуштена можност. Друг значаен дел од обуката беше шансата да се научи како да се користат медиумите како средство за самоизразување. На сите им беше дадена задача да направат туторијал на претходно зададена тема поврзана со вработување и волонтеризам. Тоа беше практична можност да ги подобриме нашите комуникациски вештини и да ги споделиме нашите сопствени пораки и да го демонстрираме нашиот посебен бренд на креативност.

16780333573_cfd329c332_z

Олде Вехте е меѓу најдобрите организации што ја градат врската меѓу волонтерството и вработливоста. Фондацијата ги води сите активности со системот на волонтирање и негово признавање како начин да се добие работно искуство, да се подобрат вештините и да се создадат социјални контакти. Резултатот беше обезбедени обемни информации за краткорочни и долгорочни волонтерски активности во организации на локално и на интернационално ниво кои можат да доведат до вработување.

За мене, најголемата придобивка беше градењето пријателства и контакти со толку многу млади луѓе низ Европа, вклучувајќи го и нашето пријателство со Алина од ИМКА во Романија, од чија работа искуство црпиме и ние во Македонија и обратно. Повторно се потсетувам на вредноста на контактите – контакти со интернационални организации, интернационални заедници и интернационални пријателства. Културните разлики се мали кога луѓето се поврзуваат со луѓе.

17374428516_05ca0ca16c_z

Не пропуштајте можност да се поврзете со други луѓе, други култури и други методи на учење. ИМКА и младинските размени се вашиот пат до личен раст и авантури. Направете чекор: Каде ќе одите вие?

Фото галерија од настанот.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *