Активности


Кампови

Младинскиот лидерски проект (ИМЛП) и Девојките го водат светот (ГЛОУ) се нашите репрезентативни кампови на кои сме целосно посветени. Мисијата на ИМКА и на овие кампови е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите.

Програмата се темели на спој на неформалното образование и едукација на отворено. Уште од самите почетоци се вклучивме во повеќе кампови и настани поврзани со кампови со цел градење на капацитет за организација на камперски активности на локално и национално ниво. Во оваа област соработуваме со World YMCA и YMCA Europe како дел од неколку меѓународни програмски групи како што се: Програмската група за кампови, Волонтери за Европа, ИМКА спорт како и неформалните мрежи Меѓународна синерџи група и Мрежа за  образование на отворено.

ПРИФАТИ ГО ПРЕДИЗВИКОТ И ИЗГРАДИ ГО СВОЈОТ ЛИДЕРСКИ СТАВ!

Волонтерски сервис

Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење на CV, професионален и личен развој, патување, притоа помагајќи во средината каде живееме. ИМКА Битола ги охрабрува младите да се приклучат и да волонтираат во нашите активности, да бидат дел од GLOW & YMLP клубовите, помагање во волонтерските акции или други активности организирани од клубовите.

ИМКА Битола покрај локален, нуди и можност за интернационален волонтерски сервис во Европа со покриени трошоци! Тоа може да се оствари преку програмата на Европскиот Солидарен Корпус (поранешниот Европски Волонтерски Сервис). Програмата нуди можност да работите на проект во непрофитна организација во некоја eвропска држава и со тоа да стекнете незаборавно интернационално искуство. Волонтерот ја бира земјата и проектот на кој ќе волонтира, а трошоците се покриени!

АКТИВИРАЈ СЕ И ПРЕЗЕМИ ЈА ИДНИНАТА ВО ТВОИ РАЦЕ!

Тренинг

Обуката е процес на учење. Таа вклучува примена на стекнати знаења со цел да се подобрат квалитетите на младите луѓе, додека развојот не го вклучува само процесот на развој, туку исто така, им помага на младите во градењето на нивните личности во исто време, како и подобрување на нивниот напредок кон актуелизирање на нивните целосни потенцијали.

Преку разни видови на обуки за личен и професионален развој во земјава и странство им овозможуваме на младите да се стекнат со потребни знаења и вештини и да се развиваат како личности со цел да можат подобро да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат.

Поголемиот број од нив се во рамките на програмата ЕРАЗМУС+, а поголемиот дел од трошоците се покриени. За повеќе информации околу расположливите тренинзи проверете го Календарот на обуки.

НАПУШТИ ЈА ДНЕВНАТА МОНОТОНИЈА И ИСКОРИСТИ ГИ МОЖНОСТИТЕ!

Младинско учество

Децата од рана возраст треба да бидат свесни за своите права и обврски, и тоа е причината зошто соработката со основните и средните училишта е важна во нашите проектни активности. Главната цел е зајакнување на учеството на младите во сите нивоа на одлучување за прашања кои директно влијаат на нив.

Нашите активности се преку: поддршка на ученичките организации во нивното формирање, градење на нивните капацитети, ученички активизам, воведување на моделот Дете Правобранител во училиштата, воведување на индексот на правата на децата, застапување на ученичките организации, активности за интеграција на децата од различно етничко и социјално потекло, итн.

Ние соработуваме со повеќе институции, а како стратешки партнер во ова поле ни е Коалицијата на младински организации СЕГА.

ГРАДИМЕ СИЛНИ ДЕЦА, СИЛНА ЗАЕДНИЦА!

Општествен развој

Граѓанското општество со вклученост и активен придонес на сите чинители во јавните политики и процеси е од клучно значење за развојот на локалните заедници во кои живееме и општеството во целина.

Во таа насока ние како организација се вклучуваме во и даваме наш придонес во следниве полиња: препознавање, развој на младинската работа и релевантните младински политики и стратегии, реализирање на младински програми со училиштата, промоција на добротворството (филантропијата) преку промовирање на волонтерство и поддршка на волонтерските стратегии, поттикнување на филантропијата помеѓу граѓаните и промовирање на корпоративната општествена-социјална одговорност помеѓу компаниите.

Во тој процес ние покрај со погореспоменатите мрежи, ние соработуваме и со други чинители во општеството како што се: Коалиција на младински организации СЕГА, Сојуз за младинска работаМрежа за финансиска одржливост на ГО, основни и средни училишта, општини, компании, државни и локални институции.

ПРИДОНЕСУВАМЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЗДРАВО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО!