Тренинг курс Re-connection, Холандија


“I stepped into the flow and then I let it go,
and I open my heart, my body, my soul… “

Сѐ уште го слушам ехото од оваа прекрасна песна, која ме потсетува на неповторливата авантура за самоспознание.
Ова ново патување беше насловено „Re-connection“, волшебен проект кој се одржа во идиличниот дел на планините Rychlebske во Чешка.

Овој толку близок, необичен контакт со природата беше најавтентичниот начин да се продре во најчистите делови кои ми ја полнат душата, од најискрената причина било да сакам да го постигнам тоа или ова во животот, за најчистата слика од мене во минатото, сегашноста или иднината.
Патувањето беше одлична можност за прв пат да се концентрирам подетално на себеси и да размислам за сите работи кои сум ги искусил досега.

За целата атмосфера исто така многу придонесоа менторите со поддршката која ни ја дадоа, а исто така и групата во целина. Секој еден од групата придонесе да го гледам животот од нови, различни аспекти.
Нови пријатели, уникатни ликови од осум различни земји желни да ги споделат своите гледишта и да нѐ подржат во потрагата по одговори за нашите чувства, мисли и значењето на животот.

Ова несекојдневна можност беше едно ново поглавје во градењето на мојата личност и карактер. Беше причина да си ја продлабочам саморефлексијата и свесноста, па така сега си верувам на инстинктот, знам да си поставам вистинско прашање и да си дадам одговор кој е автентичен, само мој.
Беше едно бесценето, пријатно искуство со нови луѓе, прекрасна природа и најважно, можност за повторно соединување со себеси. Ова патување беше почеток на доживотен процес за еден значаен дел од човечкиот живот – откривање и верување во себе.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *