Само уште една ИМЛП работа


Тука објавуваме три постови од нашиот гостин блогер Македонското Дете за ИМЛП кампот! Уживајте!

ПРВ ДЕЛ

Тимски песни, основни вредности, с’морс и „грубо“ кампување

Ако знаете што имаат заедничко овие четири работи, тоа значи дека сте биле на Младинскиот лидерски проект (ИМЛП).

За оние од вас кои немале шанса да бидат таму, треба да знаете дека во ИМЛП сакаме тимски песни ЦЕЛО ВРЕМЕ, нашите 7 основни вредности се нашата Библија, сакаме да одиме на „грубото“ кампување и да јадеме с’морс.

Поради тоа, решив да направам серија постови за да ве запознаам со некои од најдобрите работи што ги имаме на кампот и да ве приближам до акцијата наречена ИМЛП.

Ќе одам со мојот личен фаворит – тимските песни.

Во ИМЛП, пред секој оброк и секоја голема активност, ја имаме оваа работа наречена строење. Сите 8 екипи би се построиле еден до друг (обично на кошаркарскиот двор) за да слушнат што ќе се случи следно во кампот од координаторите на кампот.

38515445_1944703095587409_2516495126264545280_n

СООПШТЕНИЈА, СООПШТЕНИЈА, СООООООООПШТЕНИЈА!!!!

После сите објавени соопштенија, секој тим, еден по еден оди и ги пее своите тимски песни.

На првиот ден на секој тим им се дадени неколку часа за да измислат име на тимот, знаме и тимска песна што ќе ги претставува во текот на неделата, така што камперите започнуваат од првиот ден да работаткако тим. Некои одлучуваат да направат пародија на популарна песна, некои избираат нешто ново, лесно забележливо, а некои само викаат (па добро, повеќето од нас го прават тоа).

Секој тим има една тимска песна. Во почетокот, таае обично кратка и се пее несинхронизирано, камперите мислат дека тоа е чудно, но до четвртиот ден, секој ја пее до секој збор и почнува да губи глас. Сите ја сакаат!

41954250670_c694a78bc7_b.jpg

Оваа година, бев инструктор-во-тренинг (CiT) за Црвениот тим, и веднаш штом ќе преминевме некое од правилата, се собиравме заедно за да се усогласиме.

Прво нешто – нашето име. Имавме неколку добри предлози, но решивме да се нарекуваме – Огнена Нација, инспирирана од анимирана серија Аватар, но не ме прашувајте што значи тоа и зошто го избравме тоа име, бидејќи не знам ништо во врска со Аватар.

За знамето и тимската песна, решивме да биде по принципот подели и освои.

Оние кои беа добри со цртање отидоа да направат знаме, а остатокот од нас останаа да размислуваат за тимската песна.
Како CiT, решив да ги оставам камперите сами да дојдат до својата песна, но по еден час и неколкунеуспешни обиди, ги зедов работите во свои раце. Ја помните песната “Патишта низ нашата земја(Country Roads)“ ?! Па, ниепроменивме неколку збора и излеговме со најдобра песна во кампот оваа година.

“Речиси е полноќ, Шула Мина,
Црвена Огнена нација, град Крушево,
Животот е жежок таму, пожешко е од сонцето,
Поладно е на планините, грижи немаме воопшто.

ИМЛП, однеси не дома,
На тоа местото припаѓаме,
Шула Мина, Мама планина,
Земи не дома, ИМЛП”

Од самиот почеток, сите почнаа да ја пеат заедно со нас. Што може да победи камперска  песна на еден камп?

37208230_1959340497419164_3505499423062884352_n

Нашиот тимски повик беше: “КОЈ СМЕ?” ОГНЕНАТА НАЦИЈА!!!! ШТО ПРАВИМЕ?! ГОРИМЕ, ГОРИМЕ, ГОРИМЕ!!!” Прилично кул, нели ?!

Виолетовиот тим имаше убав ремикс на Old MacDonald Had a Farm, зелениот тим направи пародија на  We Will Rock You, белиот / ванила тим имаше убава ванила лажичка на крајот од нивната тимска песна… Сè на сè, оваа година имавме одлични песни!

37202742_2162032453831595_3946871732941357056_n

Она што го прави ова пеење на тимски песни уште поинтересно е да се видат сите, без разлика во кој тим тие се наоѓаат, цело време да пеат. Потребно е некое време да се навикне човек на сето викање и бучава при строењето, но штом еднаш камперите ја добијат идејата, не можете да ги запрете. Но тоа не е сè – тимовите не се единствените што имаат тимски песни. Сите координатори, фасилитатори и целиот персонал имаат свои.

Секој пат кога нашиот програмски координатор Стивен ќе ги започнешенекаква најава, извикувавме: “Тој е Стивен, тој е чуден! Го мразеше на почеток, но се навикна на тоа, бидејќи мораше да го слуша цело време!“

Инструкторите од минатата година имаа свои тимски песни: “ШТО СЕ ИНСТРУКТОРИТЕ?! ДИНАМИТ!!! ШТО СЕ ИНСТРУКТОРИТЕ?! ДИНАМИТ!!! ТИК, ТИК, ТИК, БУМ! ДИНАМИТ!!!”

38256505_2196751083693065_2621205239235084288_n

Оваа година само извикувавме “КАЛОРИИ, КАЛОРИИ, КАЛОРИИ” кога строењето ќе траеше предолго, а ние само сакавме да јадеме, хаха.

“Не оставајте трага” и “Избриши ги рацете” исто така беа составен дел од нашите строења.

Кога некој (најчесто Конор, нашиот главен инструктор) ќе речеше: “Звучи добро?” Нашиот одговор бешесекогаш: “Звучи одлично!” И секогаш се чувствувате прекрасно на кампот!

Можам да продолжам и понатаму за сите наши тимски песни, но ја добивте моја поента, нели?

Ние сакаме да пееме тимски песни (и ние пееме) толку многу до точка кога тоа е тооолку досадно за надворешни луѓе. И иако го знаеме тоа, едноставно не можеме да запреме – тоа е поголемо од нас, хаха!

Јас ќе го објавував овој пост со последнава реченица, но тогаш што ќе биде пост за тимските песни и повици на ИМЛП без еден таков тимски повик?

Одиме: “ГО ИМАМ ДУХОТ, ДА ГО ИМАМ! ГО ИМАМ ДУХОТ, ГО ИМАШ ЛИ И ТИ????!!!!!! “

42938084265_8be5ce746a_k.jpg

ВТОР ДЕЛ

Како што кажав во мојот вчерашен пост, ќе пишувам серија постови за работи кои го прават Младинскиот проект за лидерство (ИМЛП) она што тој е. Време е за нашите основни вредности, т.е. нашата Библија.

Во кампот, ние се фокусираме на развојот на вештини за лидерство и вработување, личен развој, благодарност и почит кон животната средина, граѓанска одговорност, разновидност, меѓуетничко разбирање и придонес во нашите заедници. Начинот на кој ги правиме сите овие работи е да ги следиме нашите основни вредности кои ги водат персоналот и камперите низ целата недела на кампот.

Грижа – Да се грижеш за себе си, за другите и за заедницата.
Искреност – Да се биде вистинит во она што го кажуваш и правиш.
Почит – Да се постапува кон себе си, кон другите и кон заедницата со достоинство и прифаќање.

28824029477_f88f75926e_oЕмили, фасилитатор за граѓанска одговорност, со знакот на ПОЧИТТА

Одговорност – Да се биде веродостоен на своите ветувања и постапки.
Храброст – Да се соочуваш со предизвиците и да водиш.
Креативност – Да пронаоѓаш нови решенија за предизвиците.

38403356_2196741037027403_3241628203038539776_nЗнамето на КРЕАТИВНОСТА

Ентузијазам – Да ја пронајдеш својата инспирација за правење промени.

Порив – вашата инспирација да се создаде промена.

Секоја од овие вредности го учи персоналот и нас камперите како да водиме, но исто така и како да пристапуваме на секоја ситуација не само во кампот, туку и во животот. Учиме што значи секоја од нив и како да делуваме соодветно.

И секој ден, имаме различна вредност на денот. Кажана ни е вредноста и нејзиното значење и одлично е да се види како секој тим се обидува да стори сé од себе со своето однесување и став во однос на вредноста.

На крајот од денот, еден пар на фасилитатори добива овластување да додели на еден од 8-те тимови знаме на вредноста, заради тоа што тој тим бил најдобриот тим тој ден за та соодветна вредност. Тоа признание го мотивира тимот кој добил знаме, но и останатите тимови за да бидат подобри секој нов ден, што е неверојатно.

41848986870_318f0f55a9_kМојот тим – Црвената Огнена Нација, доби знаме за ИСКРЕНОСТ

ТРЕТ ДЕЛ

Пред неколку дена, добив идеја да пишувам за тимските песни во на Младинскиот проект за лидерство (ИМЛП) и кога почнав да пишувам, ми помина мислата: “Зошто да не споделам со светот уште неколку работи за ИМЛП?” И одлучив да го сторам тоа. И откако напишав за нашите основни вредности вчера, ќе ја завршам серијата постови со приказната за „грубиот“ камп и за с’морсите.

Во кампот, ако времето ни дозволува, спиеме во шатори секоја вечер освен ноќта веднаш по „грубиот“  камп. Имаме камперски оган и ноќно пешачење и околу 23 часот се враќаме кон нашите шатори.

Секоја ноќ, на два различни тима им се дава можност да одат „грубо“ кампување. Тоа значи дека тие одат едно 10-ина минути од основниот камп кое е местото каде што спиеме и имаме камперски оган и го наоѓаат другото место каде што ќе спијат. Тие добиваат храна, шатори и вода, и тоа е тоа.

39113347_298717700681001_367885750156394496_n

Палењето на огнот, готвењето на храна, поставувањето на шатори … тоа се камперите и нивните инструктори. Тие остануваат навечер, вечераат таму и се враќаат во камповите по појадокот следното утро. Тие имаат доволно храна (добро, не секогаш ха, ха) за оброците. И тогаш тие имаат с’морс.

За сите вие Американци кои го читате блогот, се разбира, знаете што се с’морс. За остатокот од вас кои не знаете, пропуштате многу!

„Грубиот“ камп е местото каде камперите се запознаваат со с’морс и ги засакуваат. Така беше и со мене. Го јадев мојот прв с’мор во мојот прв младински камп во 2013 година и оттогаш ги поучував другите како да си ги приготвуваат своите с’морс. Мислам дека сум прилично добар и сакам да ги запознаам Европејците со оваа американска традиција.

39074801_1012995475538253_3929212962018951168_n

Оваа година, како дел од тимот на инструктори, морав двапати да одамна „грубо“ кампување. Прво ноќта пред камперите да пристигнат, со сите инструктори и инструктори-во-тренинг (CiT), а потоа и со мојот тим на крајот од кампот.

Првиот пат беше полесно, морам да кажам. Го почнавме огнот прилично брзо, бидејќи целото дрво беше суво и имаше некои одлични разговори околу огнот. Потоа, Брендан, Алтрим и јас останавме малку подолго да го завршиме нашето ирско реми. Брендан ме научи на играта ноќта пред тоа и ми се допадна, па го вклучивме и Алтрим и игравме неколку часа.

По пристигнувањето на камперите, навистина времето не ни беше на наша страна. Не дека постојано врнеше, но тоа беше доволно за да го направиме нашето „грубо“ камп искуство уште потешко, бидејќи многу од дрвата беа влажни. Затоа, вториот пат кога отидов на „грубо“ кампување оваа година ни требаа неколку часа за да дојдеме до оган.

Откако успеавме, седевме околу камперскиот оган, јадевме од нашата храна и започнавме со нашите разговори. Ние сме заедно веќе неколку дена, но имаше толку многу работи што не ги знаев за нив, а ги научив таа ноќ. Тоа беше ноќта кога моите кампери ме слушнаа малку да зборувам и на македонски. И да, Славчо (еден од моите кампери) го приготвуваше компирот повеќе од 4 часа. Забавно нешто.

Тоа е причината зошто толку многу сакам „груб“ камп. Вие толку брзо се поврзувате, што е неверојатно. Се сеќавам минатата година кога бев камп, разговаравме за теориите за заговор и ЏФК и 9/11. Оваа година зборувавме за девојки и состаноци и за сите видови на смешни работи.

20883985_2001167979908623_928739674_o

Исто така, минатата година на „грубиот“ камп, мојот CiT Кико ни кажа дека ќе спие надвор во вреќа за спиење. Се плашам до смрт од животни и темница, но сакав да доживеам нешто поинаку, па го сторив тоа. Тоа беше тешко, јас не спиев многу и ме искасаа комарци, но јас го сакав, па решив да го направам тоа повторно оваа година.

Бев изненаден кога видов дека тројца од моите кампери ми се приклучија во спиење надвор. Беше одлично! Некако имав најдобра ноќ за спиење таа ноќ, и не се разбудив ни еднаш.

Ви велам, „грубиот“ камп е нешто магично и е една од причините зошто сакам да се враќам секоја година на ИМЛП.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *