Мозаик


Мозаик беше проект на Европскиот Волонтерски Сервис, кој се обиде да спои неколку различни аспекти од животот и да направи заедно да функционираат, спојувајќи ги во една голема слика. Реализиран претежно во Битола, тоа беше волонтерски проект за две шпански волонтерки, Лидија и Андреа, и еден романски волонтер, Лука.

Првиот важен аспект од таа слика беше личниот развој. Проектот обезбеди простор и можност волонтерите да учат од сопственото искуство, од нивните сопствени обиди и грешки во органиозирањето на секојдневните обврски и активности. “Не секогаш работите се како што сакаме да бидат” беше најчеста забелешка од нив, по што следеше “Трпението и доброто планирање е она што прави да успеете на крајот од месецот!” како одговор од волонтерите на ИМКА Битола.

Лидија и Андреа пред канцеларијата на ИМКА Битола.

Андреа и Лука на “Третата детска критична маса” во Битола.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Волонтерите се сретнаа со многу различни луѓе, имаа поддршка од своите ментори, се запознаа со многу претставници на иницијативата “Битола На Точак”, со цел да разговараат за разни работи, да направат планови за подготовка на критичните маси и видеото, итн., но и со цел да се запознаат со локалното население и да ја видат околината и подалеку од Битола. Во одреден момент тие ги истражуваа локалните историски ископувања на Хераклеја Линкестис кои се во близина на градот Битола, подножјата на планината Баба која е на спротивната страна од градот, а го посетија и Охридското Езеро кое е во близина на соседниот град Охрид .

Лука, Андреа и сестрата на Андреа во посета на историската локација “Хераклеја Линкестис” кај Битола.

Лидија, Лука и Андреа во посета на Охридското Езеро со пријателите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Вклученоста во локалната заедница, од која најважното беше споменато – состанокот со иницијативата “Битола На Точак”, беше втората голема работа. “Ја помагавме оваа иницијатива за да стане поактивна, помагајќи им во нивната кауза на секој можен начин. Тоа значеше дека им помагавме да ги промовираат своите активности на социјалните мрежи, да создаваат флаери и летоци и да ги дистрибуираат во локалните кафулиња низ главната пешачка улица во градот (наречена “Широк Сокак“). Учествувавме во подготовката и изработката на видеото за оваа иницијатива, која ќе послужи и како јубилеј за ова локално движење. На почетокот не беше баш јасно што беа целите на видеото, но успеавме да дојдеме до неколку добри идеи до крајот, и да ги снимиме. И уште нешто што го направивме, со оглед на тоа што учествувавме во критичните маси, беше поправките на велосипедите. “Лука имаше големо искуство со велосипеди што овозможи велосипедите секогаш да бидат спремни и подготвени.

Лука поправа велосипед кој подоцна ќе се користи од некој волонтер на критичната маса. ИМКА Битола има четири велосипеди кои им се даваат на оние кои сакаат да возат и да бидат присутни на критичните маси.

Лидија и Андреа подготвуваат летоци и флаери за промоција на претстојната критична маса за во локалните кафулиња на “Широк Сокак”.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Важно е да напоменеме дека посвоивме куче, домашнен миленик, а купивме и некои риби од локалната продавница за миленичиња. Но, кучето беше куче скитник, се грижевме за него, го однесовме кај ветеринар и потоа го задржавме во станот. Со текот на времето, тоа стана поголемо, а на крајот го оставивме на едно локално семејство кое продолжи да се грижи за него. Ова беше топло искуство, но она што не ни се допадна беше тоа што се гледаа многу бездомни кучиња и мачки низ градот – и многу лошиот третман што го добиваа од минувачите. Се чинеше дека има многу ниско ниво на разбирање за овие работи меѓу луѓето од овој град “.

Домашното куче што волонтерите го носеа насекаде со нив!

Лидија, Лука и Андреа на една од критичните маси.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Исто така, помагавме и на камповите на ИМКА Битола, обезбедувавме главно логистичка помош. Ние ги осигуравме сите шатори за кампери дека се во ред, помагавме во она што беше потребно во канцеларијата и магацинот каде беа чувани материјали за камповите, а исто така отидовме и на самото место на кампот за да однесеме таму разни работи, а исто така го посетивме и блискиот прекрасен град Крушево“.

Лука и Андреа прават проверки на шаторите за камперите

Лидија, Андреа и пријателот на Андреа помагаат во средување на материјалите од кампот пред канцеларијата на ИМКА Битола.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Третиот најважен аспект беше фактот што ни беше обезбедено простор да истражувамеме и да покажеме некои аспекти од нашата култура, ни беше дадено многу слобода за ова, и посветивме некое време на ова да видиме што ќе биде.”Шпанските летни часови за разговор” беше настанот како резултат и ние ја споделувавме шпанската култура и јазик со локалните жители кои доаѓаа на овој настан. Треба да споменеме дека во текот на овие разговорни часови вклучувавмевме и информации за ЕВС проектите. На почетокот беше тешко да се види како тоа ќе се вклопи поради некои технички проблеми, но на крајот успеавме да ги споделиме информациите и свеста за можностите на ЕВС програмата, а заедно со овие разговори, разговаравме и за различниот живот меѓу оној во Европската Унија и оној за оние кои живеат надвор од неа”.

Андреа држи предавање за време на “Шпанските летни часови за разговор”.

Ретка прилика – персоналот на ИМКА Битола, заедно со Лука и Холандскиот амбасадор во Македонија на крајот од една од критичните маси. Холандскиот амбасадор е промотор на возењето велосипед!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Последниот важен дел од сложувалката беше промоција на зелениот приод во животот. Како дел од “Битола На Точак” и поддржувајќи ја нивната кауза, го правевме тоа и го одржувавме. Тие го промовираат велосипедот како алтернативно превозно средство за градски велосипедизам (побрзо движење и поевтино, не загадува за разлика од автомобилите). Од ИМКА Битола ни беа дадени велосипеди, не само за цело време да ги користиме како што ни одговара, туку и за намерно промовирање велосипедизам на специјалните настани дизајнирани за ова наречени “Критична маса”, кои се одржуваа еднаш месечно, но во текот на летниот период почесто се одржуваа во зависност од приликите, времето итн. Ние или се дружевме со другите, или бевме дел од некој страничен настан на овие критични маси, обично со некоја работилница за посетителите. Поминавме одлично време во Битола и се надеваме дека ова нема да биде последен пат што ги посетуваме убавите луѓе и места во Македонија “.

Лидија и Андреа на работилница. Тие сликаа различни орнаменти на ѕвончиња за велосипеди, кои потоа беа давани на учесниците на критичната маса.

Волонтерите учествуваа на речиси сите критични маси возејќи велосипед (околу 10 од нив), ги поддржаа и помогнаа во организирањето на сите нив како преку нивно промовирање на интернет, така и во градот. Им помагаа и во многу други работи на ИМКА Битола (некои од фотографиите се достапни тука).

Но, главниот резултат е видеото што е направено. Видеото го слави четиригодишното постоење на оваа иницијатива и е прва целосна видео приказна направена на овој начин за оваа иницијатива. Тоа ќе послужи како потсетник за историјата на иницијативата, но исто така и како иден поттик, бидејќи лесно може да се шири преку социјалните мрежи, а луѓето можат да ги видат и основните идеи на иницијативата од него. Видеото може да се види тука.

По враќањето, Лука остана да биде вклучен во неговата локална организација, работејќи со млади и помагајќи ги младинските иницијативи на кои тие си работат. Лидија и Андреа кратко време по враќањето дома, го промовираа своето искуство од ЕВС-от на една од локалнаите радио мрежи и тоа може да се види тука и тука (на шпански!).

 

 

 

Мозаик беше проект на Европскиот Волонтерски Сервис кофинансиран од програмата Еразмус + на Европската Унија. Претставникот на оваа Е.У. програма во Македонија е Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. 

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *