„МЛАДИ И МЕДИУМИ“ КОНФЕРЕНЦИЈА


Tрибината „Млади и Медиуми во Југоисточна Европа“ беше исполнета со теми и дискусии за сечиј интерес.  Иако конференцијата траеше само два дена привлече вкупно 40 говорници од регионот и Европа. Дел од темите беа: кој социјален медиум придонесе за масовното излегување на граѓаните на Турција на протест; слободата на говор и изразување и пласирање на содржини на социјалните медиуми во Србија;  работата на младите новинари и активисти од Чешка во реномираниот магазин VICE; искуствата на Шведска за воведување на медиумската писменост во образовната наставна програма и нивната соработка со Србија и Македонија; учеството на младите од Хрватска, Македонија и Словенија во креирањето на содржини за граѓански активизам.

Бев воодушевена да видам на едно место толку млади лица, кои веќе имаат изградено свои ставови за појавите и проблемите во своето општество и нивниот интерес да поставуваат прашања и да се вклучат. Но не помало беше и моето воодушевување како младите во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Словенија се спротивставуваат кон институциите на власт. Тие се цврсто решени да се залагаат за правата на младите и подобрување на општествените состојби.

14803245996_4e8c6b764b_z

Моето согледување е дека младите сакаат да учествуваат во креирањето на јавните политики. Тие сакаат да се слушнат нивните идеи за квалитетот на содржините во медиумите, за користењето на социјалните медиуми. Исто така сакаат интернет содржини кои се квалитетни и не содржат говор на омраза и поделби меѓу самите граѓани. Но, што е најважно тие сакаат да бидат запрашани да дадат свое мислење за економските и политичките проблеми, а не само за забавните и спортските содржини.

Резултатите од истражувањето на Метаморфозис не се охрабрувачки. Од 1734 млади лица од Македонија, 47% сметаат дека медиумите често пласираат лажни факти, 36,5% дека медиумите употребуваат јазик кој стимулира поделби, додека 33% сметаат дека медиумите ги структурираат вестите на пропагандистички начин. Исто така важно е да се напомене дека што се однесува на слободата на говор, 47% од младите во Македонија се чувствуваат неудобно и несигурно да објавуваат политички ставови преку медиумите. Тука може да ги најдете националните извештаи од селектираните 11 држави од Балканскиот регион вклучени во истражувањето.

14639575169_78ba3466f3_z

Jас како волонтер во ИМКА Битола сакам да посочам дека младинските организации и медиумите треба да работат токму на овие проблематики. Да се креира простор Медиумите каде што младите ќе можат отворено да си ги искажуваат своите ставови, а притоа да не бидат дискредитирани поради нивната возраст и согледувања е дефинитивно е чекор кон правилна насока. Со нашата младина имаме и тоа како да се гордееме. Потребно е само да им дадеме простор за слободно изразување и шанса да покажат што знаат и умеат да сторат за доброто на сите.

Фото галерија од настанот.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *