Сведоштва од кампот ГЛОУ 2018


Имавме супер добро лето на кампот ГЛОУ 2018, лоциран во Крушево, на местото Бегова Корија! Нашата тема оваа година беше „Иднината е женска“, со која поминавме една недела оспособувајќи девојки од цела Македонија и од сите сфери на животот. Овие камперки имаа можност да учествуваат на различни работилници и теми како што се екологија, граѓанска одговорност, човекови права и разновидност, вработување на млади и лидерство. Преку овие работилници камперките добија важни животни и лидерски вештини кои можат да се применуваат во нивниот секојдневен живот и во нивните идни кариерни потфати. Камп ГЛОУ е искуство различно од било кое друго, особено кога ќе пристигнете на почетокот на кампот опкружени од непознати и несигурни што да очекувате, а до крајот на неделата станувате дел од семејството ГЛОУ, со нови доживотни пријатели подготвени да го преземете светот!

„За мене кампот значеше место кои ме прифати, исполнето со неверојатни луѓе од различно потекло, место каде што може да бидете вистинскиот „вие“. Кампот исто така беше големо искуство кое ме научи како да се сакам и да се почитувам, а во меѓувреме да ги сакам и почитувам другите. Ме научи како да бидам голем лидер кој може да помогне и да ги поддржи и другите кои се борат со истите проблеми со кои се борев пред да одам на камп“,  Јованка Панова (камперка)

„ГЛОУ е искуство кое секој треба да го доживее барем еднаш во својот живот. Ме промени и мене и мојот став, ме натера да се чувствувам посигурно во себе и ме научи секогаш да го кажувам моето мислење и да го истакнам.” Исто така, се сретнав со неверојатни луѓе со кои сѐ уште контактирам и навистина сум благодарен за тоа. Ќе сакам да се вратам повторно! Ана Марија Минова (камперка)

„Оваа година беше мој втор пат на камп. Подготвувавањето за тоа беше на сите страни, бев нервозна, но од добриот вид на нервоза. Позицијата инструктор-во-обука значеше дека можам да го имам најдоброто од двата света. Сè уште сум на камп, а и ги применувам моите лидерски вештини. Најважно беше да работам во тим со мојот инструктор и да се осигурам камперите да имаат неверојатно прво искуство, но сепак уживав во своето време на кампот. Така, за тие што си планираат некакво искуство, препорачувам да ја спакуваат нивната позитивност и добар дух, тоа е сè што ќе им треба. Можам да Ви ветам дека кампот ќе Ви влијае и ќе Ве инспирира да влијаете врз другите.“. Надица Колоска (инструктор-во-обука)

„Кампот ГЛОУ донесе еден подобар период во мојот живот, ме запозна со посебни луѓе и ме научи за важни теми кои понекогаш се игнорираат во нашето општество. ГЛОУ ми помогна да го разберам потенцијалот што го имам како лидер во мојата заедница и како млада жена, ми помогна да пораснам во себе како уверена, оспособена личност. Сметам дека сум многу среќна што можев да бидам дел од овој камп, бидејќи не мислам дека би можела некогаш да созреам толку многу за толку кратко време“. Драгана Ѓоргиева, инструктор-во-обука

„Значи, кампот ГЛОУ беше врв на 2018 година за мене, и еве зошто. Една работа од која се уште се враќам одвреме-навреме се писмата што ги добив од „Ѕидот на добрите зборови“. Никогаш не можев да замислам колку тие зборови би можеле да ми помогнат мене и да ме охрабрат да ги следам моите цели. Навистина е прекрасно да се знае дека постојат луѓе кои Ве поддржуваат и се коренот за Вас. Друга работа што сум сигурнa дека научив од кампот е фактот дека сфатив колку многу можности има таму, во светот, и дека не среќата, туку напорната работа е таа која ќе ми помогне да ги остварам тие можности. Тоа е благодарение на Саемот за вработување, Проектниот менаџмент и сл. И последно, но не и најмалку важно, за што воопшто не очекував, е фактот што станав толку многу посигурна во изразувањето на моите мислења и мисли и надвор од ГЛОУ. Пред кампот, мислев дека луѓето нема да ме разберат, а камоли да ги почитуваат моите мисли за различни теми. Во кампот научив дека не сум само јас која има различни мислења, и сега е многу полесно да ги изразувам мислите. Никогаш не знаев дека луѓето се спремни да ме слушаат“. Елена Мирова (камперка)

Сакаме посебно да им се заблагодариме на нашите донатори: Амбасадата на САД, ФООМ, Европскиот фонд за демократија (ЕЕД), Амбасадата на САД во Македонија и нашите корпоративни партнери ОКТА, Тинекс, Рудник САСА, Алкалоид, Пекабеско, Жикол и други корпоративни и индивидуални донатори за обезбедување на монетарни донации за да се овозможи ова незаборавно искуство на кампот ГЛОУ 2018.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *