ИМКА БИТОЛА: ЖИВЕЈ, ВЕРУВАЈ, ИНСПИРИРАЈ


Животот е да се живее, а живеењето е работата, пријателствата и споделување на моменти. Кога пристигнав во Битола од Тирана, Албанија, помислив „Добро, три недели се, ништо страшно.“ Но, за време од тие три недели кои што ги поминав меѓу вас, пријатели мои, можам да ви кажам дека се осетив полна со енергија, ентузијазам и пред сè, сакана.

Млади во душата, млади во мислите, полни со блаженство – тоа е она што е ИМКА Битола. Кога некој ќе дојде во ИМКА Битола, ја чувствува целата енергија и страст и ги слуша нивните идеи. Помеѓу ѕидовите на ИМКА Битола не наоѓаш само цели, наоѓаш и вистински пријатели. Пријатели кои што може да те поддржат во секое време во денот или ноќта. Пријатели кои што живеат со тебе, веруваат во тебе и те инспирираат.

Драги пријатели од ИМКА Битола, ме научивте да работам со срце, не само со глава или мускули. Меѓу вас, мои драги пријатели, живеев живот до максимум. Уживав во секој момент и ме научивте толку многу.

Синди ме научи дека дом е секаде каде што ти сакаш да биде, и бунарот на твојата енергија е твојата душа. Светлана ме научи дека никогаш не треба да престанеш да се обидуваш и дека успехот не е само кога ќе го достигнеш сонот туку и кога ќе продолжиш да сонуваш после кошмарите. Елена, ти си сонцето во таа канцеларија кое што сјае и покрај сè. И Сандра, да, навистина си во право дека понекогаш треба два пати да размислиме за работите што ги кажуваме, и да ги почитуваме поискусните луѓе дури и кога не се согласуваме со нив.

Виктор, ти благодарам што работиш со срце. Ти благодарам што го одбра потешкиот пат за остварување на твоите идеали. Ти благодарам што им даваш на младите можност, избор. Најмногу од сè, ти благодарам за оваа можност што ми ја даде да го запознам вашиот град, вашата организација и вашето срце.

Вие ме инспирирате и сега живеам страсно верувајќи во ИМКА Битола.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *