Егешек коучинг тренинг


Егешек коучинг тренингот беше едукативна програма фокусирана на подобрување на основните тренинг и менторски вештини. Се случуваше од 22ри до 31ви Мај 2019 година. Организиран беше од Унгарската младинска асоцијација Егешек, заедно со партнерите Smokinya Foudation, Solidarity Mission, ESTYES, L’Arca del Blues, ZigZag Prin Romania и Ticket2Europe. Се собраа вкупно 24 учесници од 8 земји: С. Македонија, Грција, Естонија, Бугарија, Италија, Унгарија, Романија и Шпанија, а се одржа во Холоко, Унгарија.

Тренингот беше наменет за младински работници, ментори и луѓе кои работат со групна работа. Целта на тренингот беше оспособување на учесниците со алатки за само-евалуација како и алатки од областа на коучингот, овозможувајќи им почетна рамка за она што се нарекува „менторство на млади луѓе“, а кое се сретнува често при волонтерската работа.

Активностите на тренингот во главно беа учење на разни техники преку практикување на истите, учење едни од други и учење од искуствата на другите. Беа користени разни методи за само-евалуација кои потекнуваат од театарската пракса, разни видови танци, се практикуваа методи за освестување на телото, ошо медитации за релаксирање, се вежбаше подобрување на невербалното комуницирање, поврзување со другиот и соработка, како и управување со своите емоции.

Овој тренинг мене подетално ме запозна со коучингот и благодарение на него ги сфатив разликите помеѓу менторство и коучинг, ги практикував алатките и техниките што ги научив на неколкуте коучинг сесии, го пронајдов мојот стил на коучинг и си ја подобрив комуникацијата (вербална и невербална).

Тренинот беше добар бидејќи по секоја научена техника следуваше и простор за вежбање на истата, што значи дека знаењето не само што беше применливо, туку и имав шанса да го испробам и да експериментирам со разните техники на лице место. Знаењето од делот на комуникацијата можам да го применувам и во секојдневниот живот, но сфаќам дека исто така е многу корисно и за работа со млади, како што се и сите останати алатки од делот на коучинг кои ги научивме. Навистина, ова веше доста корисен тренинг!

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *