ГОДИШЕН НАСТАН ЗА КОРПОРАТИВНИ СПОНЗОРСТВА 2017


Среда, 25 октомври 2017, ИМКА Битола во соработка со американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, одржа годишен настан за признанија за корпоративни партнерства. Настанот се фокусираше на придонесот на младинската програма за развој на камповите Девојките го водат светот (ГЛОУ) и Младински лидерски проект (ИМЛП) во текот на изминатата година и доделување признанија на нашите корпоративни спонзори за нивната континуирана поддршка.

Настанот се одржа во резиденцијата на амбасадорот на САД. Амбасадорот Бејли беше воведен од директорот на Мировниот Корпус Марк Ханафин. Тој зборуваше за неговите минати посети на ка ГЛОУ и ИМЛП камповите, и за енергијата и посветеноста на младите што беа таму. Член на персоналот на ГЛОУ и камп алумни Дијана Јовановска и ИМЛП инструктор во обука Ненад Стојчевски зборуваа за своите искуства и развој во рамките на ГЛОУ и ИМЛП, и им се заблагодари на сите спонзори за нивната поддршка.

Јанис Геруланос, извршен директор на ОКТА, златен спонзор на Младинска програма за развој на ГЛОУ и ИМЛП, зборуваше за важноста на програмите за развој на младите во Македонија, своето позитивно искуство во слични програми и ги повика сите присутни да инвестираат во програмата, објаснувајќи ја вредноста на корпоративното спонзорство за двете страни: за програмата и за компаниите кои избираат да станат партнери.


Виктор Илиев ги додели корпоративните признанија на спонзорите со благодарност до златниот спонзор ОКТА, сребрениот спонзор рудникот САСА, бронзените спонзори Алкалоид, ЕВН и Здравје Радово, како и донаторите: Амбасадата на САД во Македонија, ЕЛЕМ, ТТК Банка, ТАВ Аеродроми и Витаминка.

Фото галерија од настанот.

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *