ГЛОУ-ИМЛП Импакт Самит 2018


На 14 и 15 декември ИМКА Битола беше домаќин на својата третиот по ред годишен Импакт Самит во хотелот „Континентал“ во Скопје. Секоја година, Импакт Самитот претставува можност за лидерите на ИМЛП и ГЛОУ да ги презентираат своите волонтерски акции и да го објаснат влијанието на нивните проекти во нивните локални заедници. И што е најважно, ова претставува можност за членовите на клубовите да се запознаат и со други, граѓански ориентирани, младински лидери низ Македонија.

Годинава, 77 клуб лидери присуствуваа на настанот во Скопје за да ги претстават своите волонтерски акции. Регионалните клубови беа одговорни за дизајнирање, имплементирање и прибирање финансиски средства за сопствените волонтерски активности, вклучително и аплицирањето за грантови до ИМКА Битола за потребните материјали. Овогодинешните клубови имаа исклучително креативни и влијателни проекти, вклучувајќи: работа со млади со посебни потреби, надградба на игралишта, организирање на работилници за здрава храна и сликање градски мурали, меѓу другото.

Покрај волонтерски активности, ИМКА Битола покани специјални гости од Мировниот Корпус за да работат со учесниците на теми за поттикнување клубовите да продолжат да возвраќаат назад во нивните заедници. Досегашните вакви настани имаа еднодневни агенди, а оваа година наставната програма траеше два дена и се фокусираше на:

  1. Прибирање финансиски средства и развој на корпоративните односи
  2. Регрутирање и промовирање активен ангажман меѓу клубовите
  3. Управување и организирање на инвестиции
  4. Организирање на податоците за производот

Според неодамнешните резултати од анкетата на учесниците, тие се крајно задоволни од викенд часовите и настаните. Сакаме посебно да им се заблагодариме на нашите донатори, Европската фондација за демократија (ЕED), кои ја поддржаа нашата работа за развој на клубовите, како и нашите корпоративни партнери ОКТА, Тинекс, Рудник САСА, Алкалоид, Пекабеско, Жикол како и на останатите корпоративни и индивидуални донатори за обезбедувањето на монетарни донации, со кои ги направиме нашите волонтерски акции и Импакт самитот возможни. Со нетрпение очекуваме да видиме што можеме да го постигнеме во нашите заедници оваа пролет!

Share
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *