Calendar


Jan
1
Tue
2019
Волонтирај во Европа @ YMCA Bitola
Jan 1 – Dec 31 all-day

ИМКА Битола ти нуди можност за волонтирање и во Европа!

Европскиот Солидарен Корпус (поранешниот Европски Волонтерски Сервис) е програма на Европска Унија која им овозможува на млади помеѓу 17-30 години да волонтираат во странство од 2-12 месеци.

Европската Унија ги покрива сите трошоци со цел да промовира вредности како што се: активно граѓанство, толеранција, взаемно разбирање,  солидарност.

Оваа програма еднаш во животот нуди искуство каде волонтерите  имаат можност да запознаат други култури, да станат независни, да стекнат работни вештини, да се обучат за тимска работа, да патуваат и научат јазик како и да добијат Youthpass сертификат кој е признаен во странство и со тоа да ги зголемат шансите за вработување.

Доколку се волонтира на долгорочен проект (помеѓу 2 и 12 месеци), волонтерот нема повеќе можност за повторување на искуството преку оваа програма. Доколку првото волонтирање е краткорочно до 2 месеци, тогаш волонтерот би можел да аплицира уште еднаш за искористување на преостанатите 10 месеци.

Овој тип на волонтирање не е платена работа, јазичен курс, стажирање или туризам и покрај тоа што содржи елементи од сето ова.

Проектите за кои може да аплицирате имаат најразлични теми (над 50) и ваше е да одберете дали сакате да работите со деца или во театар или можеби со лица со хендикеп, социјална работа, ICT- нови тенологии, да предавате јазик, да научите како да водите организација, работа со кампови итн.

Низ следниве дата-бази може да се пребаруваат овие теми:
https://europa.eu/youth/volunteering/project_en (пребарувате согласно Вашите временски планови, тема и земја каде би сакале да волонтирате),
https://youthforeurope.eu/ (пребарувате под „Младински размени“, „Европски Солидарен Корпус“ или „Тренинзи“)

Отворените повици за волонтирање ги објавуваме на фејсјбук. Ако сакате повиците да ги добивате на е-маил запишете се на нашата ЕВС меилинг листа, пишете ни директно и ќе Ви одговориме. Доколку имате прашања може да не контактирајте и на меил: evs@ymcabitola.org.mk.

Jul
17
Wed
2019
Краткорочен ЕВС проект „Wider Horizon“ во Холандија @ Olde Vechte Foundation
Jul 17 – Sep 14 all-day

Wider Horizon е краткорочен ЕСК проект кој е организиран од страна на Олде Вехте фондацијата, во Омен, Холандија.

На овој ЕВС ќе волонтирате од понеделник до петок, вкупно 36 часа. На едно или две места ќе обавувате практична работа. Имате можност за избор помеѓу неколку работни места. Покрај тоа што ќе ви бидат покриени трошоците за пат, сместување, храна, осигурување, исто така ќе добивате и одредена парична сума за џапарлак секој месец.

Овој проект е главно за млади луѓе помеѓу 18-30 години кои имаат помалку можности и не учествувале претходно во проекти од Erasmus+ програмата поради тоа што биле попречени од разни причини. Лица со помали можности се оние кои имаат:

  • Попреченост (ментална, физичка, сетилна и сл).165939_139988762803709_1340186710_n
  • Лица кои имаат потешкотии при учење (рано го напуштиле школото, со помали квалификации, со ниски оцени);
  • Лица кои се соочуваат со економски пречки (низок стандард, ниски примања, долгорочно невработени, бездомници, млади луѓе со финансиски проблеми);
  • Културни разлики (имигранти, бегалци, малцинство, здравствени проблеми, со хронични болести, тешка болест или физичка состојба);
  • Социјални пречки (лица кои седискриминирани заради религиозна, полова, сексуална, етничка и друга припадност, антисоцијални млади луѓе или со ризични однесувања, во несигурна ситуација, бивши зависници од дрога или алкохол, млади самохрани родители, млади луѓе без родители);
  • Географски пречки (луѓе од рурални средини кои се недоволно поврзани со градовите).

Инфо летер-от може да го разгледате тука.

Доколку сте заинтересирани, пишете на evs@ymcabitola.org.mk за да продолжиме со процесот на аплицирање за оваа неверојатно убава авантура!

OldeVechte_01